Romi Obedineti od makedonija denes ostvarija sredba so Manfred jabs

1452

На покана и иницијатива на советникот на град Скопје Ерџан Селими и државниот советник Јаше Сефер, во Скопје остварена е средба со г-дин Манфред Јабс од најголемата хуманитарна организација Тафел во Германија, со г-дин Алехиос Ваио кординатор од Атина, каде веќе се реализираат искуствата и проектите од Тафел, како и со г-дин Ѓонул Бајрактар заменик министерот за труд и социјална политика во Македонија.

На средбата се разговарало за пренесувањето на искуствата од Тафел организацијата која има 994 центри и опслужува милионски народ во Германија, но и за потребата од институционална подршка со цел континуирана помош од истата организација која би се реализирала во нашата држава, каде целната група е грижата кон најсиромашните, децата од улица и старите лица.

На средбата меѓу другото се разгледала и можноста од донација на амбулантно возило, медицинска опрема, против пожарно возило и сл.

Заклучено е да се остварат повеќе состаноци во иднина, каде на оваа тема ќе се вклучат повеке засегнати иституции од граѓанскиот сектор, министерството за здравство, агенцијата за храна и ветеринарство, се со цел искуствата за помош на најсиромашните во Германија да ја пренесеме најнапред во Шуто Оризари каде живеат најсиромашните граѓани, но и во сите други градови од Република Македонија