Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова, ги користат последните часови да ги убедат граѓаните на 5 мај да го дадат гласот за нивните програми. И двајцата очекуваат дека ќе победат в недела, на вториот круг од претседателските избори. Според Пендаровски, поддршката за него ќе значи подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО, но и ставање крај на „груевизмот“. Неговата противкандидатка Силјаноска-Давкова пак, чиј главен адут е владеењето на правото очекува нашата држава да се реформира во секој поглед и оти реформите треба да почнат од оние најгоре. Кандидатот кој со нив учествуваше во првиот круг, Блерим Река, преку Фејсбук им се заблагодаи на речиси 80.000 гласачи што го поддржаа и напиша дека нивно е правото да одлучат за кого ќе го дадат својот глас на вториот круг. -Тие се само ваши гласови. Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на Алијансата за Албанците во функција на уставната и социоекономската еднаквост на Албанците во Северна Македонија, заклучија од партијата на Зијадин Села.
Hazri kerga: Erdan M.-Roma Press