Dujto rota thar Presidentska alosaribe khi Utarali Makedonija

1080

 

Денес неделата се одржува вториот круг од претседателските избори, а право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да гласаат за еден од двајцата кандидати – Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, кои во првиот круг добија најголем број гласови, но не и потребното мнозинство од 904.066 гласови за тогаш да биде избран новиот шеф на државата.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5-ти мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик. Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.