Ko nevo avtodrumo nekobor čhona ka paldelpes bi lovengoro

962

По новиот автопат во следните неколку месеци сигурно ќе се вози без пари. Граѓаните што ќе патуваат од Скопје за Штип до крајот на годинава ќе плаќаат само една патарина, постоечката, кај Куманово, која чини 40 денари. Меѓутоа, од стартот на идната година планирано е на автопатот Миладиновци Штип да никнат две нови патарини, за чија изградба тендерот треба да се распише за околу десетина дена. Откако ќе се изградат, на едната наплатна станица која ќе биде кај Кадрифаково ќе се плаќаат 50, а другата, кај Преод, ќе ги чини граѓаните 70 денари. Автопатот Миладиновци Штип е долг 47 километри и патувањето од Скопје за Штип треба да го скрати за половина час. Тој е со четири ленти, плус две ленти за застанување, широк е 27,4 метри, а проектираната брзина изнесува 130 километри на час. Почна да се гради во 2014 година и граѓаните ги чинеше безмалку 200 милиони евра. Изведувач на градежните работите беше кинеската компанија Синохидро, а како подизведувачи беа вклучени и македонски компании. Стартните најави на власта беа дека треба да биде пуштен во употреба во мај 2017 година, но потоа рокот во два наврати беше пролонгиран, односно планираните датуми кои беа за есента и за крајот на минатата година, беа пробивани, со објаснување дека претходните власти кои го почнаа оставиле во наследство големи проблеми и нерешени прашања.

Pali onevo drumo  ko nekobor čhona ka paledelpes bi lovengro odoleja so nane patarine.

E dizutne save ka dromarinen  thar Skopje đji ko Štip, đji o agor e beršeske salde  ka pukinen jekh patarina, savi thani kerduni ko Kumanovo, thaj pukinelapes  40 denarija. Numa pali o avibe e neve beršeske kamlapes  te lačharelpes  patarina ko Miladinovci Štip te resaren duj patarine, kaske o tenderi valani te mukhelpes  paše deše divesenge.

Kana ka lačharenpes  e duj patarine jekh ka ovel ko Kadrifakovo thaj ka pukinelpes 50 denarija, aso I aver  ko Preod ka pukinelpes 70 denarija.

O Avtodrumo tavdinga te lačharelpes ko vakti thar 2014 berš, lovenge ikeripnaja  thar 200 milionija evrija, o drumo lačharga ole kinakiri kompanija Sinohidro, aso sar partnerikane butikerutne lelepes Makedonijake kompanie.

Hazri kerga:Roma Press