Dokumento tar NRC – baš kerde zorija ( nasilstvo) upral e đuvla

1095

Документот за политики ги претставува главните наоди и препораки од Истражувачкиот извештај: Достапност и пристап до услуги на поддршка  за жени и девојки Ромки кои преживеале насилство врз жени во  Кичево, Куманово, Велес, Штип, Кочани и Прилеп.

Насилството врз жени ги погодува жените од сите општествени групи и претставува кршење на нивните човекови права и дискриминација. Но, жените и девојки Ромки се изложени на посебни облици и на зачестено насилство од различен вид со што се мултиплицираат негативните последици. Насилството врз жените и девојките Ромки ја отсликува и родовата нееднаквост и структурната дискриминација со која се соочуваат. Насилството врз жените Ромки е засилено заради вкрстување на бројни фактори кои ја дефинираат положбата на жената Ромка во општеството и семејството. Сиромаштијата, исклученост од пазарот на труд, образование, ограничена социјална и здравствена заштита, соодветно домовување и згрижување на децата претставуваат препреки за излез од насилството и добивањето помош и поддршка.

Прифаќањето во поширокото општество на традиционалните вредности на ромската зедница како дадени и ‘својствени‘ за Ромите понатаму ја влошува состојбата со насилството врз жените и девојки Ромки и претставува структурна дискриминација. Оваа состојба резултира со зголемување на исклученоста на жените Ромки од поддршка и заштита од насилство врз жени и ги намалува нивните опции за излез од насилството во и надвор од нивната заедница.

Pobuter baš sasto rodlaripasko vahtavi ani Makedonikani čhib drabaren ole ano teluno linkohttp://www.nationalromacentrum.org/mk/vesti-i-slucuvanja/dokument_za_politiki/