Havlaribe tar PCERM – Samka Ibraimovski baš e fundavne adelatija baš o sigaripe e vetingoja..

959

Partija baš sasti emancipacija e Romengiri ani Makedonija kerga reakcija baš e fundavne adelatoja thaj đji i Apelacija save rodena sigaripe e vetingoja, aso oleskere anlaribnaja valani oleske ulavde hazrlukija vakerla o PCER ani bičaldi reakcija đji o medie.

Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР реагира дека судиите од основните судови и од Апелација бараат да не се брза со ветингот зашто за негово спроведување треба посебни подготовки

Ако ветингот биде многу брзо немало да има ефекти. Сакаме ветингот да почне веднаш и тоа прво тие судии кои се осомничени и има индикацији дека нивните донесени пресуди се сомнителни и неправедни. Нејасно е зошто бараат подготовки, не се фудбалери па ќе ги подготвуваме за терен да играат натпревар. Ако сакаме да донесеме правда во оваа држава мора да се види со каква кошула дошол за судија и каква носи сега – велат од ПЦЕР.

Партијата бара да се испита потеклото на имот на секој осомничен судија, односно пресуда која ја донел.
Посебно сме огорчени од пресуди донесени за нашата заедница, за Ромите, каде се осудени со големи казни затвор за мали кривични дела. Пресудите може да ги дадеме на комисијата која ќе врши ветинг. Зошто страв и многу реакции ако се чесни ќе се проверат и завршена работа, ако има докази за потекло од каде и што се парите нема страв. Но со сигурност можеме да кажеме да има такви судии кои ја искористиле својата функција и си го натовариле магарето за внуци и правнуци – велат од партијата.

Roma Press – Havlaribe tar PCERM