Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје, е тестирано и нема корона вирус, потврдија од Министерството за здравство. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.
Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно со утврдениот протокол.
Од министерството велат дека будно ја следат состојбата и во континуитет се постапува по препораките на Светската здравствена организација, а од вчера се применуваат и нови зајакнати мерки за превенција од корона вирус.
O Manuš savo erati sas lingardo ani Infektivno klinika ano Skopje, tano testirime thaj nane ole korona virus, havlarela o Ministeriumi baš sastipe. O pacienti sine ole lokhi nastvalutni slika, na sine ole vazdimali bedeniskoro (telesno) tatijalipe thaj oleskoro manušikano ikkheripe akanasaske tano šukar.
Vov sas resardo tar Milano ano Skopje kušlukoskere araplaneja prekal o vizeir, thaj vov nakla tar termalnikani kamera, sao ano lae sikavga simtomatologikano nasvalipe. E jekta simptomija upral oleste diklile kana resarga khere, thaj tadani iranga ano telefoni đji ki Infektivnikani klinika ano Skopje ko 22 :00 ari .
Tar oleskor avipe ani klinika vov sigo sas čivdo ani izolacija thaj pali odova kerdilopes upral oleste testoja. Ministeriumi baš sastipe havlarena so von tane vazdime thaj puterde jakensar thaj ano kontinuiteto kerena buti prekal o anglal dende mesažoja tar Sumnaleski sastipnaskiri organizacija.
Roma Press-www: slobodnaevropa.mk