Ronaldino agorkerga ano phanlipe..

1274

Роналдињо сепак заврши во притвор во Парагвај, откако властите на оваа јужноамериканска држава го уапсија фудбалскиот великан заедно со неговиот брат Роберто Асис, поради влегување во државата со фалсификувани пасоши.

Поранешниот фудбалски генијалец беше уапсен пред неколку дена во Асунсион, но случајот се претвори во „сапуница“ откако оние кои требаше да уапсат почнаа со селфи-фотографирање со Роналдињо. Очекувано, обвинителството наместо со случај против двајцата браќа побара алтернативна казна, тврдејќи дека двајцата биле изманипулирани и не знаеле дека патуваат со лажни документи.
Роналдињо и Роберто Асис требаа денеска да се вратат во Бразил, но неочекувано синоќа биле уапсени и ставени во притвор, откако судијата на случајот го одбил барањето на обвинителството за алтернативна казна. Тие денеска ќе се појават пред Судот, по што ќе биде донесена одлука дали притворот ќе им биде продолжен на најмалку седум дена.

Проблем за Роналдињо е што повеќе случајот не е во рацете на истите обвинители, туку е под јурисдикција на одделот на организиран криминал.

Roma Press lendo tar:https://ekipa.mk/sudijata-ne-saka-selfi-tuku-pravda-ronaldino-vo-pritvor-vo-paragvaj/