Ете утре имаме избори и што.. Политиките кои ги поддржувам(е)или ќе ги поддржуваме, во таа насока се поставува прашањето дали е битно подобрувањето на општественото живење на Ромите или нашата позиција и др. Генерално како Ромска заедница ги подржуваме сите политики на оваа или друга идна влада, бидејќи познато е дека владите и политичарите се менлива категорија, кои долго време тежнеат кон унапредување на правата на сите. Но не треба да се занемарува фактот дека долги години дискриминацијата се уште постои кон Ромите како една немногу битна етничка заедница (барем така мислат еден голем број од Ромите во Република Северна Македонија па и пошироко), говорам не битна еве Зошто..
Што ако и утре имаме избори, позициите се тие кои едните велат ДА ние имаме добар договор во нашата коалиција, другите велат ДА ни ветија дека ке ги имaме најдобрите високи позиции (аххх тие пусти позиции) и говорат ако правиме влада ние директно би им помогнале на нашата заедница, Но исто така сега постои и трета страна кои велат, ние немаме доверба ни во едните па ни во другите дојде време судбината секој да си ја крои со свои раце и алатка.
Ромската подршка традиционално била секогаш дадена за едните или на другите но се поставува прашањето, колку од тие едните и другите им возвратија на Ромската заедница, Не говорам за лични садисфакции или позииции од политиките на одредени лидерчина кои цел живот се бореа за своја лична позиција и корист, туку во насока на тоа ШТО Е ПОДОБРЕНО КАЈ РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА?.
Поради големата досегашна незаинтересираност за демократскиот развој на Република Северна Македонија од страна на политичките чинители, следејки им ги политичките договарања, позизиции и учевство на недобитните листи за пратеници и слично (посебно кон Ромската етничка заедница), се чини дека ние се уште ќе останеме само со декларативни гаранции во секое политичко делување. „Зошто„?
Пред најавувањето на водредните парламентарни избори во Северна Македонија, следам ама баш се – и токму при следењето на сите јавни настапи како и говорењата на претставниците од мојата Ромска заедница исто така, не е занемарувачки фактот од говорењето на сите останати заедници во Македонија, дури мислам дека пена им фати устата од тоа интеграцијата, интеграција и интеграција па добро бе пријатели за каква интеграција говорите без останатите заедници (Интеграција за Ромите но без ромите), Интеграција, еднаквост или соживот-што значи како збор(термин) спојување на сите делови во една голема целина, но тука станува збор за целина од само два ентитета (Македонскиот и Албанскиот народ) без останатите, без ромите тогаш за што говориме за интеграција ИЛИ?.
Почитувани ние сме во 21-век и токму во овој период со голема желба и задоволство сакам да ве потсетам дека денес Ромите во Македонија се дообразувале, имаат високи едуцирани кадри (кои повеке неможат да се бројат на прсти) почнувајки од академски граѓани па и до доктори, тогаш мислам дека е време да береме памет и нашите јавни настапи да ги контролираме со вистинската бројка и пракса од нашето секојдневие, Сегашните процеси се вводат кон разединување и маргинализација на Ромите во Република Северна Македонија.
Дали ние како етничка заедница треба да се соочиме со фактот дека „црниот„ народ сеуште не е еднаков, прифатен и почитуван, За жал пријатели кај нас се уште постои расизам, говор на омраза и насилство на мнозинството врз малцинството, ДА се уште постои и се гледа преку медиумите, социјални мрежи како и во веб портали.
Сосема на крај, можеби со ова мое денешно пишување со доза на големо незадоволство и грижа на совест за позицијата на мојата заедница(ромска), одредени мои пријатели нема да се сложат! Но, едно знам ,,Кажи ја вистината и ако е болна”.
Но, се поставува и дополнително прашање, дали правиме нешто по однос на горе укажаното? Дали се трудат или превземаат демократски чекори најпрвин регистрираните ромските политички партии кои на секои избори би барале доверба и поддршка кај Ромскиот народ, здруженијата, асоцијациите, неформалните политички движења и иницијативите дека време е на таквите дејствија да реагираат, Или сите заедно мудро ги занемаруваат таквите случувања. Продолжуваме да си молчиме, молчиме и ке си молчиме ама до кога!
ЗАПОМНЕТЕ?- Ромите повеке не се ничиа сопственост..
(O Hramiphe-pišipe si ani Makedonikani čhib salde bašh jek buti, odoleja so manglum o vakeribe te resarel đji pobuvlo drabaripe-čhitibe te resarel hem ko naroma-Irašinen-izvininen, te akele hramobaja ani aver čhib dukavgum tumen).
Автор-Севгул А.
Дипломиран по дет.крим-Безбедност