Blog Rig 67

Bahtarin tar Presidenti ko SDSM Kovaćevski

Sajdime daja tumen šhajipe te drabarenni Bahtarin baś nevo berś bičaldi đji ko Roma Press tar o Presidenti partijako ko SDSM Kovaćevski.
👇
Почитувани граѓани,
Зад нас ја оставаме 2021 година. Година на општествено закрепнување од коронавирусот, на масовна вакцинација, но и година на економско опоравување.

Деновиве, кога луѓето, домовите, се исполнети со надеж и верба, мотивирани влегуваме во новите почетоци, да продолжиме посветено во реализација на целите пред нас.

2022 година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред се економски план.

Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го подобриме животниот стандард на граѓаните.

Минималната плата мора да продолжи да расте, а со неа ќе растат и просечната плата, пензиите, додека невработеноста и натаму ќе опаѓа.

Тоа ќе го постигнеме со одговорна и посветена работа, заедно со мојот тим и заедно со вас граѓаните.
Нашата заедничка иднина е иднина во ЕУ и нема да се откажеме од тој стремеж, ќе работиме за исполнување и на оваа стратеша цел.
Почитувани,
Нека 2022 година биде година на сплотеност и заедништво. Зад нас да ги оставиме поделбите и деструкциите.
Здружени во сегашноста, за да не останеме поделени во иднината. Заедно да го чуваме и градиме нашиот заеднички дом – Република Северна Македонија.

Нека е среќна новата 2022 година, ви посакувам добро здравје, мир и спокој во празниците што претстојат.

Roma Press- SDSM

Bahtarin baš nevo berś tar Presidenri partijako VMRO-Hristijan Mickovski..

Sajdime drabarutne (ćitatelija) daja tumen śhajipe te drabaren i bahtarin ani Makedonikani ćhib tar Hristijan Mickovski Presidenti ano VMRO DPMNE bićhaldi ko Roma Press.
👇
Почитувани сограѓани, годината што заминува ни остави различни емоции. Ковид пандемијата, енергетската криза, економското уназадување, трагедиите во Тетово и Бугарија и неспособната и неодговорна власт предизвикаа тага и болка, голем револт, разочарување, неизвесност… Но и конечно освестување и одважување дека работите мора да ги промениме ние, самите. Заради нас, заради нашите семејства. 2021 беше година на големи предизвици, но и на големи промени. Промени кои ги донесовте – вие!, вели во Новогодишното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Промените кои носат нова, подобра и поубава иднина се наша голема обврска. Работата е темелот на нашиот успех. Проектите кои ги реализираме чекор по чекор ќе донесат развој, стабилност и успеси.

Успеси и среќа за секој еден човек, затоа што Македонија е за сите луѓе. Да ја подобриме екологијата, да ја развиваме инфраструктурата, да го унапредуваме образованието, спортот и културата. Да бидеме подобри луѓе, повеќе да се почитуваме и да создадеме поубава иднина за нашите деца.

Колку повеќе создаваме, толку повеќе ќе им олесниме на нив. Колку се тие посреќни, толку сме ние помотивирани. Децата на Македонија заслужуваат нова, среќна иднина во средена држава која ќе ги задоволи сите нивни потреби.

2022 година ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности. Да продолжиме заеднички и да ја завршиме работата. Да донесеме реформи, нормалност и сигурност. Да ги зачуваме и унапредиме здравјето и животот, тоа се најголемите подароци за секој човек. Да обезбедиме европска иднина, подобар стандард, повисоки плати. Повеќе радост, светлина и среќа во секој еден дом.

Драги пријатели, ви ветувам дека со целата сила ќе се борам да биде подобро. Искрено и од срце, како ваш пријател, сосед, сограѓанин ви посакувам најубави празнични денови. Топол дом исполнет со ведрина и оптимизам. И многу љубов и насмевки со вашите блиски.

Ви посакувам среќна, весела и успешна 2022 година, подвлекува Мицкоски.

Roma Press- VMRO DPMNE

СУГС-Шаип Јусуф ,,ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ХЕМИСКИ И ФИЗИЧКИ ИСПИТУВАЊА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ”..

На крајот од оваа година, можеме да се пофалиме со една од најубавите лаборатории од средните училишта во нашата држава. Лабораторијата располага со современи нагледни средства и помагала од областа на хемијата, физиката, биологијата, како и со современи заштитни средства при работа. Опремена според најсовремените стандарди и прилагодена за потребите на наставната програма пред се на учениците од медицинската струка, а покрај нив и за потребите на градежната струка (по наставен предмет физика), но и за потребите на предметите од природните науки за другите профили.

На нашите ученици им посакуваме многу истражувања, проекти и остварени соработки.
Кабинетската настава, вештините и знаењата на нашите ученици се наш приоритет!
Благодарение до Градот Скопје и до МОН за несебичната соработка и поддршка за развој.

Рома Пресс – Шаип Јусуф

Erđan S. Informirinela 6- milionija denarija baś fekalno kanalizacija ko Šuto Orizari..dikhen Video

Erđan Selimi-Đeno tar Konsili e dizjakoro Skopje prekal poro fb.profili havlarga baś i nakhli 3-to beśin tar Konsili e Dizjako ikherdo tano o dendo amndmani tar konsileski kupa tar VMRO-DPMNE thaj i koalicija baś obnova tar Makedonija 6 milionija denarija baš thavdipe lačharipe i fekalno kanalizacija ko Šuto Orizari.
Ikherdi tani butederipnaja tar konsileskere đene thaj đjakerelapes realizacija.

Ерџан Селими -Советник од град Скопје преку својот фб.профил информира дека во рамки на 3-та седница на Советот на Град Скопје, прифатен е амандманот на советничката група на ВМРО и коалицијата за обнова на Македонија, со кој се предвидува 6 мил.денари за започнување на изградба на дел од фекална канализација за Шуто Оризари.
Конечна прифатена од мнозинството на советниците и се очекува реализација.

Roma Press- Neđmedin A.

Nevo vd- Direktori ani Gradinka 8 – mi April..

Nevo vd-Direktori ani ćhavjorin anavkerdo tano telal i doverba e Gradonacalnikoskiri Kurto Duduś čhivdo tano o Fahri Sali savo anglal akaja funkcija lingarelapes sar bukarno ani finansijaki policija(MVR).

Đjanidor pali sa adava so śpekuliringapes jali ćaće vakergapes baš o manuš savo penđardo ano pere politićka aktivitetija sar đjeno savo lela tan ano sa e politikane romane partie numa hem ano komitetija tar naromane partie, akaja funkcija avela oleske sar nagrada ja palem sar arakhipe kompromis maškar o Gradonaćalniko Kurto Duduś-Kuco thaj o Fahri Sali(Numa soj tano o kompromis) ano avutne dive puterdo ka vakerelpes ano Roma Press.

O Vakti ka vakerel savo si o čačipe baš dejbe akaja funkcija e manuśeske pal ano paluno vakti ko socijalna mreže tar garavde profiloja,kergapes lafi but baś o manuš Fahri Sali thaj i relacija odnosno buti keripe maškar o Gradonacalniko Kurto Duduś

Sukcesi ano nevo buthi kheripe.

Roma Press

MVR- Toni A. Ma keren plus motiv e čhorenge te khuven ano tumare khera..

O Ministeriumi andrune bukenge biçhalela mesažo đi sa e dizutne save nane te dođaren o nevo berś ano pumaro kher tadani mate čiven foto mesažoja so na dođarena o nevo berś sostar odoleja denalen motiv e manuśen save čorena te kuven ano olengere khera, vakerela ano javinako brifing portparoli tar MVR Toni Angelovski.

Секоја година во ова време кога граѓаните ги напуштаат своите домови, апелираме за внимателност, вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– Ние како МВР секоја година во ова време и пред летните одмори кога граѓаните ги напуштаат своите домови, апелираме за внимателност, затоа што покрај мерките што ги презема МВР и граѓаните треба да ги преземат мерките од нивна надлежност, за да можат да си ги заштитат домот и имотот. Апелот е доколку луѓето не слават дома, да не се постираат фотографии од местото на настанот кај што се, затоа што на тој начин преку социјалните мрежи им давате сигнал на оние кои имаат криминални намери, вели Ангеловски во гостувањето во Утрински брифинг.

Roma Press-Utrinski brifing

Paluni berśeskiri izjava tar Presidenti parlamentaresko Talat Đaferi..

Avdive o Presidenti parlamentaresko ani them Makedonija denga i paluni beršeskiri izjava anglal o zurnalistija bićhaldi đi sa e dizutne e themakere Makedonija.
Teleder daja tumen śajipe te drabaren i izjava ani Makedo ikani čhib.

Денес ве поканив на давањето на оваа моја завршна годишна изјава која секако преку вас ќе стигне и до нашите почитувани граѓани а и до сите кои се заинтересирани за работењето и степенот на функционалност и исполнителност на законодавниот дом.
За жал, и оваа година бевме принудени да функционираме следејќи ги протоколите за заштита од КОВИД – 19, што се разбира наметна одредени измени во секојдневното работење на законодавниот дом. Покрај тоа, константно имавме отсуства на пратеници поради заболување со вирусот.
Комисиски и пленарните седници, како што знаете, се одвиваа без Ваше присуство што беше хендикеп и за Вас и за нас, меѓутоа, тоа го налагаа здравствените протоколи, Настојувавме да нема други настани,собири, на кои би имало поголема група луѓе во затворен простор. И понатака продолживме пленарните седници да ги држиме во Големата сала на Собранието, попозната како Купола, што од друга страна наметнуваше малку поедноставен начин на гласање и пребројување на гласовите на пратениците. – Поради протоколите беа прекинати и организираните посети на граѓаните во Собранието, и истите се одвиваа на виртуелен начин.
– Оваа година имавме и редовни локални избори кои наметнуваат одредени ограничување врз основа на Деловникот за работа на Собранието, за работа во време на изборни активности така што во тој период не одржувавме пленарни и комисиски седници.
– Покрај тоа, познато ви е дека по изборите и по најавената оставка на претседателот на Владата, настана период на неизвесен политички живот во земјава, кој пак предизвика делумна или техничка функционалност на домашните институции меѓу кои и Собранието се разбира.
– Сепак, и во ваквите ограничувачки услови, законодавниот дом ја потврди својата ефективност и продуктивност во дадениве услови. Во овој контекст, како што можете да видите и самите од поделениот Преглед, можете да го заклучиме следново резиме, т. е.:

-Од вкупно 59 пленарни седници, 39 се завршени.
-Незавршени пленарни седници се вкупно 20.
-Вкупно донесени закони во 2021 година се 209, од кои:
-по редовна постапка се донесени 111;
-по скратена постапка се донесени 79.
-по подносител:
– 188 се поднесени од Влада на Република Северна Македонија:
-21 се поднесени од пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
Покрај тоа, донесени се и 21 закон за ратификација на договори помеѓу Република Северна Македонија и други земји.

Преостанати, незавршени точки кои што треба да се разгледаат на седници на матичните комисии за понатамошно процесирање на пленарна седница по матични тела се следни:
•Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, 7 точки;

•Комисија за европски прашања – 12 точки;

•Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците – 10 точки;

•Комисија за одбрана и безбедност – 1 точка;

•Комисија за здравство, 2 точки;

•Комисија за финансирање и буџет – 6 точки;

•Комисија за образование, наука и спорт – 5 точки;

•Комисија за економски прашања, 4 точки;
•Комисија за транспорт, врски и екологија, 9 точки.

Од сето претходно спомнато, можам да заклучам дека се трудевме политичкиот дијалог, вкрстувањето на аргументите и битката за менување и подобрување на законските одредби за олеснување на животот на нашите граѓани, да се одвива тука, во рамките на домот на демократијата и тоа можеше да се види преку телевизискиот собраниски канал и со следење на седниците преку стримување.
Почитувани медиуми,
Не велам дека е ова е максималното што можевме да направиме, напротив, секогаш може повеќе, меѓутоа Ве уверувам дека нашите уставни и деловнички обврски ќе продолжат и понатака да бидат основната рамка во која ќе се движи Собранието на Република Северна Македонија.
Ви посакувам добро здравје, успех на личен и професионален план и нека ни е Среќна и бериќетна Новата 2022 Година!

И уште нешто сосема на крај, дозволете да ја искористам оваа прилика и да и го честитам роденденот на почитуваната Соња Николовска, која е долгогодишен известувач од Собранието и практично е дел од законодавниот дом, и да и посакам добро здравје, среќа и успех во извршувањето на должност!

Roma Press- inboh tar Sobranie.

9- to berś tar o Humanitarno Aktiviteti tar B.O.Kham Sijan- Skopje..

Традиционално 9-та година Здружението за развивање на општествени дејности,,Кхам Сијан”- Скопје во соработка со веб тв.портал Рома Пресс и со големата подршка на нашите пријатели Тринет и Марк Констансе од Холандија, Фондацијата на пријателот на Ромската заедница г-дин Трифун Костовски и Пивара Скопје доделивме на најранливата социјална категорија на децата Роми новогодишни пакетчиња и безалкохолни пијалоци.

Бесценето е да се види радоста на лицата на децата кога ги отвораат новогодишните подароци. За децата, тие имаат големо значење, па често токму тие деца пред Нова Година пишуваат писмо за Дедо Мраз и прават список на слатки и подароци кои сакаат да ги добијат,денес таа желба е исполнета.
Благодарност до сите поддржувачи!

Birađakiri Organizacija Kham Sijan – Skopje ano buthi kheripe e vebtv portaleje Roma Press sar thaj amare beršengere ikheripnaja 9-berš barabar akava aktiviteti, sakana dena amen dumo amare ikherutne Mami Trinett thaj Marc Constandse, Fondacija e bute bersengo amal e Romengoro Trifun Kostovski thaj Pivara Skopje barabar ulavgem gudlipnaskere paketija baš familie(tikore ćhave) tar socijalno kategorija.

Realizacija lingardi ano tri atarija Komuna Šuto Orizari,Vizbegovo thaj Topaana.

Panda jekvar dikhlem but asande čhavorokane muja,,Bahtalo 2022 berś”.

Hazri kerga:Neđmedin A.Fuat A.Erđan M.- Roma Press

Avdive ko centar e Skopjeske nane te keren buti e semaforija pakhalapes nane te ovel blokirimi sasti diz sar ko 07 -Dekemvri..

Tar o erati havlarelapes bash avdizutno nakheribe buti e semaforija ano serutno centari e dizjake Skopje, sebepeja so vakerlapes ano akava kotor e dizjake nane te ovel distribucija tar elektrikani energija.

bash akava sebepi o Javno pretprijatije,,Ulica i patista,, sar vastalune e semaforenge denge haberi dji ko Ministeriumi bash andrune te kheren piri buti ano vakti te shaj te na doresen e dizutne tar Skopje te oven blokirime sar so sine ano 07-Dekemvri kana maskar peseste frdena i dosh(krivica) i Serutni Danela Arsovska thaj o Ministeriumi andrune bukenge koj sine bange bash o soobrakajnikani haosi ano Skopje.

Како што веке е најавено денес од 08:00 до 15.30 часот нема да работат семафорите во центарот на градот Скопје. Укажуваат од компанијата ЕВН,семафорите нема да работат опоради што во овој дел од градот ќе биде без струја.

Од Јавното Претпријатие,,Улици и патишта,, која е надлежна за регулирање на семафорите, го повикаа Министерството за внатрешни работи навремено да го регулира сообраќајот.

Исто така се поотсетуваат надлежните институции дека на 7 декември поради истото такво исклучување на семафорите во попладневните часови Скопје беше парализирано,тогаш градоначалничката Данела Арсовска и Министерството за внатрешни работи преку соопштенија до јавноста се обвинуваа меѓусебно кој е крив за блокираниот град.

PDPR- Aksel Ahmedovski dośakerena(obvinuvaat) baś vazdipe zor upral olende thaj đene tar olengi partija..

Presidenti tar partija PDPRM-Aksel Ahmedovski avdive javno dośhakerela baś upral olende so kerlapes zor, mobing thaj političko revanśizam tar ,,Vodovod” ko Koćani.
Teleder drabaren ani Makedonikani ćhib i ikerdi press konferencija.

Претседателот на Партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски денеска на прес конференција пред управната зграда на „Водовод“ во Кочани обвини дека имало физички напад и мобинг врз вработени во комуналното претпријатие, кои се членови на партијата.

Нападот се случил во текот на работното време додека вработените ја одржувале јавната хигиена, при што имало закани со политичка конотација, а за кои Ахмедовски изрази сомневања дека се поттикнати од повисоки раководни структури.

-Нашите членови, вработени во „Водовод“, биле физички нападнати и навредувани од лице кое изјавило дека е назначено за нивен раководител, на местото на досегашниот одговорен за одржување на јавната хигиена, кој е и потпретседател на ПДПР. Сметам дека ваквите постапки и користењето на некаква политичка моќ се крајно непримерни и не е време за изразување на нечии фрустрации и политички реваншизам, само затоа што нашите членови му давале поддршка на кандидатот за градоначалник предложен од СДСМ. Сакам да верувам дека актуелниот градоначалник, директорот на комуналното претпријатие и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани не ја поттикнале насилната постапка. Ваквите настани не се случуваат само во Кочани, туку и во други градови, при што освен кон партиските членови, закани и навреди се упатуваат и кон мене како претседател на ПДПР, истакна Ахмедовски.

Насилничко однесување било пријавено во полиција, при што Ахмедовски упати повик надлежните органи да го испитаат случајот и да преземат соодветни мерки.

Од КЈП „Водовод“ ги отфрлија обвинувањата дека имало некакво поттикнување за настанот, а в.д. директорот Иван Иванов осуди какво било насилство и мобинг доколку се случиле.

Roma Press- PDPR

- Reklam -

KOLUMNE