Blog Rig 72

Надир Р.- Тапчо и Глупчо – нашите соседи од секојдневието на македонското општество..

Летоска, иако беше многу жешко, некако најдов доволно енергија и мотивација да напишам политичка сатира за обичниот граѓанин, неговата ретка способност на прилагодување кон околината (читај политиката). Сатирата е напишана во форма на дијалог во која двајца граѓани со измислени имиња, Тапчо и Глупчо, дискутираат за финоста во нашето општество. Зборот финост има повеќе синоними во македонскиот јазик така да зависно од контекстот се однесува на итрина, префинетост, лукавство, препреденост, нежност, остроумност, проникливост итн. Во мојот текст финоста значи наивно-проста итрина која за чудо сеуште успева да опстане во односите меѓу граѓаните на ова мало општество. Текстот е сеуште необјавен затоа што чека некој актер да го преточи во видео формат. Кога тоа ќе биде засега незнам, ама сигурно ќе се објави кога ќе созреат основните предуслови за тоа.

Чин 2

Дедо ми по таткова линија е роден на крајот на Првата Светска Војна. Рано останал без татко така да од својата седма година растел со очув и мајка кои немаа услови да го школуваат. Научил да чита и пишува додека служеше војска, во 1948 година, на возраст на родител на три деца. На часовите по историја не учеа дека таа година се случи конфликтот меѓу Тито и Сталин, во која збунетоста и поделеноста меѓу граѓаните на штотуку формираната држава го разјадуваше комунистичкиот елан и слободарски ентузијазам. Република Македонија беше тазе република во таа федерација и секако беше во интересот на тогашните офицери на ЈНА, воглавно од српско потекло кои бараа информација од прва рака за функционирањето на власта во новата југословенска федерација. Така, за време на една од утринските смотри на војската, капетанот на четата му пријде на дедо ми и го праша:

„Македонац, како се живи доле код вас? “

Дедо ми брзо и кратко одговори:

„Имаме турска ефтиноќа, српска слобода, бугарско тепање, шиптарско лажење и македонско крадење“ (со сета почит кон македонските Албанци, терминот го пренесувам во оргинална форма).

Офицерот задоволен од краткиот и јасен одговор го награди со излез во градот.

Чин 3

Пред 20 години новинарот Столе Наумов во емисијата Стадион на радио Канал 77 имаше дебата со слушателите на тема животот во СФРЈ и независна Македонија, дали живеевме подобро во време на социјализмот или сега во време на демократија. Меѓу многуте јавувања и ставови на оваа тема јас ја запамтив кратката формулација на еден слушател од источна Македонија кој кажа:

„Столе, во време на Југославија бехме врзани кучиња кои не смееја да лајат ама бехме најадени, сега во Македонија можеме слободно да лаеме колку сакаме ама нема што да јадеме.“

***

Ќе се прашате која е врската на Тапчо и Глупчо со изјавите на дедо ми и старецот од Источна Македонија. Доколку не ги познавате Тапчо и Глупчо јасно е дека нема да најдете ама баш никаква врска, иако сум сигурен дека се среќавате со нив секојдневно во вашето соседство, на улиците на вашиот град или село.

Во кратки црти ќе ве запознам со овие два лика кои над три децении свесно или несвесно ни ја кројат иднината (или судбината). Тапчо и Глупчо се типична комбинација на итрина и ирационалност, спој на егоцентричност и етноцентричност, особини кои ги прават заробеници на своите сопствени илузии. Образовани и воспитани од родители кои за војната знаат само од читање книги, Тапчо и Глупчо се самобендисани и самоуверени дека се подобро образовани и информирани од своите претци. Во нивните меѓусебни расправии секогаш е присутна желбата да се биде поитар од другиот затоа што веруваат дека ако си поитар автоматски ќе бидеш подобар од некого. За да стекне таква предност пред другиот, Тапчо и Глупчо се спремни да нарават се, да бидат и тоа што не се, само за да не убедат дека се добронамерни патриоти и лојални кон матичната земја. При тоа, во занесот на нивните разговори забораваат што излажале вчера, што направиле завчера, и какви последици имаат нивните лаги и (не)дела. Доколку ги прашаш за нивната способност и искуство веднаш ќе ти кажат каде се школувале и на кои обуки учествувале, и дека тоа е доволно да бидат вистинската опција на народот.  

Ситуацијата има своја константа, Тапчо и Глупчо се секогаш таму долу, на дното на пирамидата, со сите проблеми за опстанок, додека сеирџиски ги гледаат оние од средината и врвот како постојано се менуваат, ставаат сопки еден на друг и грабаат секоја прилика за да немаат проблеми со опстанокот на својата врста. За Тапчо и Глупчо ваквиот грабеж на прилики не е ништо ново затоа што човештвото од секогаш имало ненаситни поединци, спремни да ги експлоатираат, крадат и бидат насилни кон послабите од себе. За да испадне дека Тапчо и Глупчо се храбри, односно силни, а со намера да ги прикријат своите слабости и стравови, двајцата позајмиле камелеонски вештини на прилагодување кон околината. Кога малку ќе ги притиснеш, од двајцата добиваш се што ќе посакаш, паметен и глуп, способен и неспособен, херој и предавник, верник и агностик, информиран и неинформиран, космополит и конзервативец, граѓанин и сељак, чесен и нечесен, искрен и далаверџија…и се така во бескрај сите можни опции на просечни и ефтини човечки карактери. И така, над триесет години Тапчо и Глупчо преживуваат а нивните водачи енормно се богатат од ова мало парче земја, земја во која секој трет човек е нивна реплика, додека секој четврти не сака да има работа со реплицираните копии на Тапчо и Глупчо.

Сега кога колку-толку ги запознавте какрактерите на Тапчо и Глупчо[1] (ако сакате повеќе да знаете за нивниот разговор одете на долниот линк), веројатно сеуште се прашувате за врската на временската трилогија за резонирањето на дедо ми, старецот од источна Македонија и Тапчо и Глупчо.

Првo, димензијата која ги поврзува генерациите е духот (или бремето) на општествените текови и промени, кој влијае врз културата на однесување и резонирање на секој поединец. Отсекогаш се поставува прашањето кои се факторите на влијание врз општествените текови и промени затоа што знаеме дека тие носат можности и ризици кои зависно од карактеристиките и воспитанието на индивидуалците, акумулираат јавно мнение и релации меѓу граѓанинот и институциите. Карактеристично за ова поднебје е дека јавното мнение и односот на граѓанинот со државата биле постојано во фаза на политичка и економска нестабилност, честа трансформација на општественото уредување и постојана недоверба кон институциите. Поинаку кажано, маратонската транзиција носи нестабилност а недовербата произведува непочит кон државата и нејзините институции. Во нестабилни околности секој поединец е себично фокусиран на своите интереси и потреби, затоа што нестабилноста на политички, економски и социо-културолошки план произведува непредвидливост, фрустрации и стравови кај секој поединец. Непочитувањето на законите и институциите на државата носи поделби меѓу елитата и граѓанинот затоа што недовербата и немањето респект кон институциите подеднакво се однесува и кон политичката и интелектуална елита кои најчесто се третираат како туѓ елемент во државата. Оттуѓеноста на елитите и граѓаните е константа на овие простори во која и едните и другите користат секоја прилика да го излажат државниот апарат. Разликата е што елитата е многу умешна во манипулирањето на системот и тоа го прави вешто и смислено – за што останува неказнета, додека обичниот граѓанин мора да се снаоѓа во лажењето на системот со мали и наивни трикови – за кои добива казна. Претпоставувам дека чувството на отуѓеност кон елитата и државниот апарат носи корени од над пет-вековното владеење на Османлиското Царство, додатно пролонгирано поради зачетоците на градење култура на владеење од страна на елитите од ова поднебје кои претходно со генерации беа вазали на едните или другите окупатори. Мора да потсетам дека културата на владеење е долг процес каде што 100 години се мал период за втемелување на општо прифатените норми и визија на секој граѓанин за заедничката творба наречена држава.  Додатно, развојот на демократијата е долгорочен процес кој бара оригинални решенија за секое општество и во континуитет. Нема готов рецепт за развојот и унапредување на демократијата но сепак искуствата покажуваат дека е многу тешко да се аплицира демократијата во сиромашни општества за разлика од општествата кои акумулирале економска стабилност и благосостојба.  

Ако се обидеме да ги генерализираме стремежите на претходните генерации со вредностите за подобар живот, потребно е да ги познаваме сопствените корени и семејната генеалогија. Дедо ми е дел од генерацијата родена помеѓу 1901 и 1927 која денес ја именуваме како Најголемата генерација. Тоа се деца на Изгубената генерација (1883-1900) кои цел свој живот се бореа за праведен свет, не за слава или награда. Најголемата генерација, иако необразована и сиромашна, со својата мудрост и истрајност ги постави темелите на нашата благосостојба, на Бејби Бум генерацијата на која и јас припаѓам (1946-1964). Има една тенка нишка која ги поврзува генерациите низ времето, а тоа е дека секоја следна генерација ги зема здраво за готово слободата и благосостојбата створена од страна на  нивните претци. При тоа, непишано правило е следната генерација да не се мачи и страда како претходната, да ужива во детството и младоста и секако да работи што помалку физичка работа. Сигурно сте имале чести совети од родителите од типот „ Учи за да не бидеш физички работник“

Денес има малку останато живи граѓани од Најголемата генерација, Бејби Бум генерацијата е некои 20 до 30 проценти додека Икс (1965-1980), Милениум (1981-1996)  и Зум генерацијата (1997-2012)  се сегашноста и иднината на нашата држава. Притоа присутна е мала аномалија во реакциите на овие генерациски кластери затоа што при првото соочување со маките на животот, тие веднаш помислуваат да си заминат од државата. Недостига мудрост и борбен дух, решителност и жртвување за да се исправи лошо изградената држава. Таму некаде на Запад има подобри услови за живот, иако таму се добива работничка плата во капиталистичка економија, затоа што експлоатацијата и стресот се помали во однос на газењето по дигнитетот на граѓанинот од страна на нашиве локални Тапчовци и Глупчовци.  

Јасно е дека Тапчо и Глупчо се дел од Милениумската генерација која е денес најактивна на политички и институционален план. Тоа не значи дека претходните генерации немале свои Тапчовци и Глупчовци, кои во однос на сегашноста биле многу помалку во квалитет и квантитет. Во Најголемата генерација и Бејби Бум генерацијата биле маргинални актери без некое значајно влијание врз општеството. За жал во меѓувреме нивниот број стана доминантен образец во сите области на нашето општествено битие затоа што една третина се Тапчовци а друга третина се Глупчовци.

Втората димензија во поставената трилогија се генерациските разлики во образованието и вештините на поединецот. Изјавите на дедо ми и старецот од источна Македонија се мал пример за мудроста и способноста на расудување на тие генерации за својата реалност. Помалку образовани, со помал обем на информации и растеретени од индоктринациски влијанија, во двата примери се препознава колку многу може да се каже со малку зборови, особено кога мислите и зборовите се искрени и оригинални. Денес, за разлика од претходниците, Тапчо и Глупчо се начитани и добро информирани поединци, мака мачат со мноштвото на теории и апории, позајмени концепти, копирани вредносни норми и репери, така да мора да се изразуваат со многу зборови и долги софистицирани реченици а да кажат многу малку за нивното време и контекст. Мудроста е изгубена во мноштвото зборови поради тоа што нема искреност и оргиналност во вокабуларот на Тапчо и Глупчо, туку проста калкулација на можните сценарија и држењето на подотворена врата за нивното прилагодување кон истите. Нивниот парадокс е што целта им е линеарно поставена кон некој си успешен опстанок а притоа спремни да лутаат во лавиринтите на егоцентричниот опортунизам. Личното его е целосно вложено во служба на моќта и ситните привилегии, привремено потчинето на новокомпонираните капиталистички елити, кое во сржта манифестира лажна лојалност кон центрите на моќ.

Така испаѓа дека Тапчо и Глупчо се привидно наивни и неспособни за носење одговорност, слика што им обезбедува комфорна зона да зборуваат на било која тема а никој да не ги земе за сериозен фактор во соседството. Се потврдува старата изрека, кучињата лаат карванот си врви. Тапчо и Глупчо знаат дека се искористени и изманипулирани од моќните шефови на партиите и компаниите, и тоа вешто го кријат преку додворување, улизување, ефтини муабети и тресење трици. Тоа е полесниот начин да се добијат мали трошки од привилегираните кругови. Самите си го одредиле местото и статусот во тие кругови а во позадина, кога се сами си ја споделуваат маката и радоста како излажале или убедиле некој од врвот или средината на хиерархијата. Неретко Тапчо и Глупчо ги менуваат позициите и преминуваат во спротивниот табор, чисто од забава или желба за докажување дека и едните и другите само-бендисани елити се лесни за манипулации. Според ова, може да се заклучи дека сојот на Тапчовци/Глупчовци и елитите се среќни и задоволни со своите илузии, верувајќи дека контролираат важни процеси во нашето општество.

Трето, Тапчо и Глупчо се дисциплинирани гласачи, редовно се возат со партиски платените автобуси низ државата за кампањи или протести, се појавуваат каде што ќе им се каже, се радуваат или тагуваат (привидно) кога ќе им се наложи. Кога Тапчо и Глупчо не прифаќаат насилнички задачи таа улога се дава на Кримчо. За разлика од нив, нашите претци немале притисоци за гласање, во кралева Југославија на пример жените немале право да гласаат, додека во претходниот систем изборните листи беа кроени од еден центар, така што изборот беше веќе однапред дефиниран. Претходните генерации беа пасивизирани гласачи, вредни работници и трпеливи во остварувањето на своите лични и семејни интереси. Не се потчинуваа лесно, ниту привидно ниту потполно, туку напротив кога настапуваа јавно беа целосно спремни да се носат со теретот на искажаниот став и мислење. Најважно, немаа работа ниту се дружеа со Кримчовците од политичкото подземје.

Додатно, големата разлика е што претходните генерации имаа идеолошко-вредносни уверувања и заложби во своето работење, додека Тапчо и Глупчо немаат никаква идеологија. Идеологијата е изветвеана флоскула во нивните дебати со политичките (не)истомисленици, која се користи за маркетиншка маска за немањето три чисти со класичните идеолошки матрици од било кој спектар. Тапчо и Глупчо мора да ги повторуваат истите наративи скроени од нивните политички и интелектуални центри кога агитираат или индоктринираат, користат едноличен вокабулар при убедувањето на едните и другите дека празните ветувања на нивните лидери се реално остварливи. Зошто би се мачеле да бидат оригинално свои за нешто што и самите не веруваат дека ќе се реализира. Затоа најдобро е да се користат зборовите и ветувањата на врвот за да Тапчо и Глупчо обезбедат некоја си невиност пред соседите и агитираните групи граѓани.

Ќе резимирам со неколку пораки до сегашните Тапчовци и Глупчовци:

Длабоко во себе знаете дека живееме во држава и регион кои се периферија на периферијата во смисол на гео-политичките и гео-културните процеси. Периферноста е резултат на континуираното заостанување на сите нивоа на општественото организирање на системот наречен држава. Домашната пропаганда дека ова е центарот на светот, колевка на цивилизацијата со библиски народ нема своја употребна вредност во политичкиот и економски свет вон границите на државата. Времето на историските митови заврши пред повеќе од 100 години откако започна циклусот на индустриски и економски револуции проследен со соодветни политички револуции и промени. Треба да се искористат последните секунди од отворената можност да се приклучиме кон четвртата револуција на светот за да не ни се повтори пак да имаме задоцнета револуција. Само да ве потсетам дека Ковид пандемијата во добро организираните држави се користи како отскочна даска и нова можност за напредок, што значи дека треба да престанете со оправдувањата дека пандемијата носи ризици и непредвидливост.    Многувековната периферност произведе безначајност на нашите недефинирани системи и незаинтересираност кај големите центри на моќ. Крајно време е да престанете да произведувате нестабилност за да го привлекувате вниманието на големите играчи на светската сцена, и секако да престанете да ја компензирате безначајноста со домашни конспиративни теории дека сме многу важни за глобалните центри на моќ. Сите ние треба да ја прифатиме реалноста на нашата позиција како општество и најдеме наш рецепт кон колективниот просперитет и стабилно уредување. Цел свет ги знае нашите домашни лаги и интриги и јасно ни укажува дека сме неподобни за дружење со нив. Не може да бидеме еднаков партнер со развиените економии со ваква сиромаштија, непродуктивност и корумпираност. Бараме членство во ЕУ во кој нашиот глас ќе биде еднаков со германскиот, францускиот, сакаме да имаме привилегии и благосостојба како нив, вклучително нивните пари, ама не сакаме да ни поставуваат правила и услови за членството во ЕУ, а згора на тоа не сакаме да работиме чесно и вредно. Верувате дека ЕУ членките се наивни и не ги читаат вашите далавери и симплифицирана итрина кога над три децении повторувате лажни ветувања дека сакате – ама не сакате, правите – ама не правите, менувате – ама не менувате. Се наближува моментот во кој никој нема да ви верува, ниту дома ниту надвор, на декларативните политики и политички ветувања, богати со прости лаги и манипулации на сопствениот народ.   Темелот на државата ни е погрешно дизајниран поради неразликување (или несакање да се разликуваат) термините народ и нација. Кога решивме да правиме своја држава преку референдум вашиот сон од 19тиот век за етничка нација беше себично доминантен со што се пропушти прилика да изградиме нација со граѓански концепт. Со креирањето на етнички конципирана држава произведовте малцинство, кое е околу 40% од вкупната популација, кое наместо да придонесува кон напредокот на државата тоа цело време троши време и енергија за остварување на своите основни човекови права. Наместо да бидеме модерна нација, сите заедно останавме племиња како во времето на византиско и турско, со тоа што сега наместо туѓи имаме домашно одродени владетели. Направивте многу грешки, намерни и ненамерни, овие вториве од глупост и незнаење, и цело време правите се за да ги прикриете своите грешки. Не се гради држава со лажни ветувања, кроење на перцепциите на граѓанинот, негово омаловажување и со корумпирани, полуспособни институции.Почнете да учите и практикувате правда и правичност. Не е доволно да ставите во затвор некој лопов од спротивниот табор, туку да изградите систем и механизми кои ќе го елиминираат и навреме реагираат на сето она што ги подрива и рѓосува вредностите на правдата и правичноста. Обичните Тапчо и Глупчо полесно ќе се снајдат во праведен и правичен систем, ќе нема потреба лажно да се прават тупи или глупи, туку ќе бидат тоа што навистина се, граѓани со достоинство и чесност. Репликациите на чесен и вреден граѓанин ќе се множат побрзо и поефикасно отколку вашите три децениски креации на зависни граѓани. Зависниот и излажан граѓанин не е лојален на вашите политички манипулации, туку привремено молчи и трпи се додека не најде решение за својата мака. Паметните и вештите граѓани си заминаа и ќе заминуваат во поправедни и поправични земји, макар тоа биле Азија и Африка, само да не го трпат јаремот на домашните манипуланти. Она што остана и ќе остане во државата не ќе може во бескрај да се прилагодува и претвара според вашите покварени замисли. Еден ден ќе се побуни и ќе направи се за да си го врати достоинството и постави подобри основи за иднината на своите деца. Историјата тоа го покажа многу пати, скоро гледавме како Украинците ги ставаа своите пратеници во контејнери за ѓубре. Порано или подоцна таму завршуваат сите лаги и лажговци. За да не дојде до тоа, дозволете им на Тапчо и Глупчо да бидат она што навистина се и сакаат да бидат во своите животи а вие, официјални и неофицијални моќници, итно да ја замените мантрата на далавери со универзалните вредности на чесност, праведност и правичност. Верувам тоа ќе ви донесе подобро спиење, макар и за ова кратко време кое ви преостана за ресетирање на вашата човечност.

Епилог наместо последен чин

Тапчо и Глупчо ќе преживуваат уште некое време меѓутоа јасно им е дека вака не може да се продолжи. Македонското општество е болно одамна, тоа го напишав 5-6 години пред пандемијата. Засега нашите елити и квази лидери не најдоа начин (всушност не сакаат) да го излечат општеството од множеството Тапчовци и Глупчовци. Напротив, целта им е сите ние да бидеме како нив, да зависиме од нивната милост и немилост, слично на царското време од средниот век.

Турската ефтиноќа скапо го чини обичниот граѓанин затоа што анархичната слобода на елитите ги направи недопирливи пред словото на законот, иако крадат и лажат цели триесет години.  Тапчовци и Глупчовци лаат како кучиња само по налог од врвот за да имаат што да јадат до следниот циклус на избори. Во меѓувреме агитираат и шират лаги, јавно оцрнуваат еден на друг а скришум пијат кафе и договараат следен трик и далавера.

Нивните лидери и политички племиња цело време се бават самите со себе отколку со потребите и проблемите на општеството. Нема знаци дека скоро ќе почнат да работаат за колективниот напредок и благосостојба. Јас не очекувам  такво нешто од владетелите на Тапчо и Глупчо затоа што толкав им е капацитетот, знаат да функционираат со лажење и крадење. Сите (претпоставуваме дека) знаеме што се не изнакупија и продадоа од она што беше изградено од нашите претци во претходниот систем, испокрадоа источни олигарси и западни капиталисти, однесоа пари преку океанот, ама не знаеме кој епитаф ќе го прочитаме порано, на политичките елити или пак на ова опљачкано и исцрпено општество. Јас се надевам да го видам епитафот на првите затоа што општеството сигурно ќе најде начин да изгради нова елита без поддршка на Тапчо и Глупчо. Корените на моите претци се тука, на ова поднебје над 400 години, живееле и опстанале во турско, српско, германско, италијанско, бугарско, албанско, југословенско и македонско. Ќе бидат тука многу долго и после режимите на Тачовци и Глупчовци.

Надир Реџепи

Presidenti e Makedonijako Stevo Pendarovski lelja tan ano 10 samiti,,Makedonija 2025″- dikhen video..

O Presidenti tar i them Republika Utarali Makedonija lelja than ano 10 jubilejno Samiti,,Makedonija 2025,,organizacija savi shukareste kernala e makedonijake iselenikoja save kamena te den dumo pere thema te ovel takatlimi numa hem ekonomikani zorali, vakerga o Presidenti Makedonijako Stevo Pendarovski..

Dikhen video..

Истакнувајќи дека се соочуваме со глобална рецесија предизвикана од пандемијата, претседателот Пендаровски во своето обраќање, нагласи дека парадигмата на препознавање можности, градење култура на конкурентност и квалитетно образование, денес ни е потребна повеќе од кога било порано.
Чест ми е да се обратам на 10. јубилеен Самит на „Македонија 2025“, организација која е основана и водена од успешни македонски иселеници кои сакаат да ѝ помогнат на својата прва татковина да стане силна и конкурентна економија. Покрај фактот што, уште од самите свои почетоци, „Македонија 2025“ се појави во специфичен контекст ‒ глобалната финансиска криза што го намали темпото на економски раст кај многу економии, тоа не ги поколеба во намерата да бидат генератор на амбициозни идеи за просперитет на државата и за благосостојба на нејзините граѓани.

Roma Press- Presidenti Stevo P.

Reakcija tar Gabriel Bajram baš o GTC thaj o KRIPTOVALUTE..

РЕАКЦИЈА – tar o Gabriel Bajram phanle e informaciencar tar GTC thaj oleskoro vahtavi(izjava) randelapesli ano adala prostorie bitcoin ja palem na.
Telede4 drabaren i sahni izjava tar Gabriel Bajram ani Makedonikani ćhib.

Почитувани граѓани Република Северна Македонија е демократска држава која дава можност за слободно изразување на мислата, ставот и јавното говорење во секоја област. Особено се радувам на македонското новинарство што има можност да истражува и пренесе новини кои го опкружуваат нашето македонско општество, што до пред некое време, слободата на јавното говорење, истржувачкото новинарство како и изразувањето на лични ставови беше анатема и контролирано се со цел да се заштити нечиј личен интерес.

Сакам јавно да упатам честитки до дел од новинарите кои во текот на изминатите денови се однесуваа повеќе како инспектори а помалку како репортери кои имаат задача да известуваат објективно, чесно и непристрасно, согласно Кодексот на новинарите – член 10. Од аспект на бизнисмен, разбирам дека fake новостите секогаш се поисплатливи и повеќе продадени од вистинската вест, но во ниту еден случај не можам да разберам зошто се користи семејството Бајрам за кревање на репутација на одреден интернет портал, кој според неговата уредувачка политика, може да се заклучи дека шири ксенофобија и етничка омраза, ако се земе предвид дека информациите поврзани со ромската заедница секогаш ги пренесува со голема доза на стереотипи и предрасуди. Патем, ова што го говорам не е само алиби, туку и реалност кога уредникот на порталот, за време на локалните избори во Кочани, упатува директни закани и провокации кон Ромите на 30.10.2021 година. Како и да е… не би сакал да обврнам внимание на личност, која сака со моето име и презиме да крева репутација. Но секако, честитки за неговата храброст и го поканувам да го истражува целиот случај до крај.

Сега, почитувани граѓани, дозволете ми ја образложам за настанот. Градски Трговски центар издава деловни објекти на правни и физички лица. Нашата семејна компанија, која се бави со сервисирање, увоз и извоз на компјутерска опрема, изнајми магацински простор каде се чуваат компјутерски делови неопходни за нашата работа. Најодговорно тврдам и воедно демантирам дека во тие магацински простории се “копаат криптовалути“. Нашата компанија е лиценциран правен субјект во земјата која работи со увоз и извоз на репроматеријали за сервисирање и одржување на компјутерска опрема. Тоа може да се провери и во списите на Централниот регистар на Република Северна Македонија. Неосновани се лагите дека, јас и моето семејство, нелегално користиме струја од ГТЦ. Нашата фирма, како и сите останати деловни субјекти во ГТЦ, секој месец, редовно плаќа одржување и струја согласно нашите договори за изнајмување на деловен простор. Не ја разбирам медиумската хајка на новинарите против нашето семејство Бајрам и воопшто против ромското политичко движење.

Имено, кога во мојот двор, за време на локалните избори, беше фрлена бомба, никој од медиумите не се појави на мојата прес конференција пред партискиот штаб, освен ТВ21. Се прашувам зошто?! Зарема таа вест не била доволно добра за да се продаде и заработи во медиумскиот простор? Или пак можеби, приватниот живот на семејството Бајрам е повеќе интересно за читање отколку добрината и хуманитарната работа која ја прават?! Министерството за внатрешни работи доследно и целосно ја провери информацијата и утврди дека не се работи за никакво нелегално односно кривично дело.
Сепак, семејството Бајрам како и секогаш, знае да биде трпелив и мудар во било какви и да се монтирани настани или нарачани хајки против нас. Но тоа што особено ме тангира е нешто многу поголемо. Нешто што не може и не верувам дека ќе се среди до недогледно време.

Тоа е тенденциозното информирање на медиумите кон Ромите. Со тенденциозното информирање за овој настан, за жал се создаде антициганизам кон Ромите и се нарушуваат добрите меѓуетнички односи. Ме загрижуваат коментарите по социјалните мрежи кои се повеќе и повеќе личат на лични препукувања по етничка основа. Аналогно на ова, се прашувам дали во рамките на уредувачката политика на медиумите, ќе се даде приоритет на приватниот живот на семејството Бајрам или на некој културен настан од ромската заедница или пак на некоја истражувачка сторија со која ќе се помогне да се реши одреден проблем на ромската заедница?
Затоа, ќе ги замолам сите медиуми а воедно и ги мотивирам да продолжат со истражувачкото новинарство, но исто така ќе ги замолам и уште една работа: Истражувајте и копајте да најдете вистинска вест, без тенденција да политизирате настан или да деградирате цело семејство.

Roma Press- reakcija Gabriel B.

Presidenti Erđan Selimi tar partija ROM diklapes e šerutneja tar Gazi Baba..

Avdive o Presidenti Erdan Selimi tar parrija ROM dikhlapee e Śerutneja tar Komuna Gazi Baba Boban Stefkovski, O lavkeriphe lingardo sas baš o lejbe than e romenegoro ano sa e segmentoja thaj proektoja save planirinenapes te kerenpes ani komuna odoleja te len than thaj o Roma tar akaja komuna.

E asavke aktivitetija baś o Roma Press vakerga o Erđan Selimi ka thavden i ko ponodoripe sa sebepeja te ovel jekhajek lejbe than e Romengoro ano sa e komune savende ola đjivdinena.

Денес Претседателот на партијата РОМ Ерџан Селими оствари работна со Градоначалникот на општината Гази Баба Бобан Стефковски, на средбата се говареше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат сограѓаните, како и за плановите на општината во делот на вклучувањето на Ромите и ромските средини во општинските програми, проекти и активности.

Ерџан Селими укажа за Рома Пресс дека ваквите работни средби планирано е да се реализираат и со останатите општински градоначалници се со цел поголема вклученост на нашата заедница во идните плановите на сите општини.

Неџмедин А.Рома Пресс- РОМ

Аваја- Марш за правда ќе се оддржи на 20-Ноември..

АВАЈА-Известува дека на 20 ноември 2021 година со почеток од 13 часот во Скопје пред Кривичниот суд со марширање до Основното Јавно обвинителство ќе се одржи мировен “Марш за Правда”.
Маршот за Правда треба да не обедини сите! Време е Ромите да ја почувствуваат ПРАВДАТА!
Маршот за Правда се одржува по донесувањето на пресудата од Кривичниот Суд Скопје во случајот “Полициска бруталност – Битола” според која полицискиот службеник е прогласен за виновен и му е одредена казна затвор од една година за извршување на кривилното дело од член 143 – Малтретирање во вршење на служба.

Наведуваме дека казната затвор е минимална казна и казната би била поголема доколку се земеше во предвид етничката припадност на жртвата.
Оваа пресуда е донесена по поднесена пријава од МВР до јавното обвинителство и се однесува на еден полициски службеник и една жртва. Правдата сеуште ја чекаат и другите жртви во случајот. Во овој случај, визибилно и од самото видео кое кружеше на социјалните мрежи е дека се работи за вкупно 5 жртви и 3 полициски службеници.

Полициската бруталност не е нова ситуација за ромската заедница, ново е снимањето и јавното објавување на ова насилство! Да не дозволиме одредувањето на ослободителна пресуда да стане пракса! Ги повикуваме сите да ја дадат својата поддршка за крај на полициската бруталност кон ромската заедница.

На мировниот марш ќе побараме Апелациониот суд да ја потврди пресудата а Основното Јавното обвинителство да ја процесира кривичната пријава во која како жртви се јавуваат сите 5 лица.
Рутата на мировниот марш: Кривичен суд Скопје (бул. Гоце Делчев) кон ул. Филип Втори Македонски (преку мостот Слобода и мостот на Уметноста) до Јавното Обвинителство на кејот на реката Вардар.

Рома Пресс- Граѓанско движење Аваја

Tar avdive i them Makedonija pherdi đeni ko NATO

O Premieri tar Republika Utarali Makedonija havlarga o avdisutno dive tar Historijako momenti e themakoro kana pherdiđjeni khuvela ano takatija tar NATO.

Историски ден за Северна Македонија, од денеска сме и целосно воено интегрирани во НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на генералот Симеон Трајковски, денеска го прими командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињ, непосредно пред церемонијата за потпишување на заедничката декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО.

Roma Press

Reakcija tar AVAJA baś i đeza(kazna) e policajcoskiri tani minimalno tikori..

Havlaribe tar dizutnengi inicijativa AVAJA, drabaren teleder ani Makedonikani čhib.

Граѓанската иницијатива Аваја наведуваат дека казната која ја има донесено Основниот Кривичен Суд Скопје за случајот полициска бруталност Битола со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен е минимална казна според членот 143 од Кривичниот законик и истата може да биде од 1 до 5 години.

Основниот Кривичен Суд Скопје донесе пресуда за случајот полициска бруталност Битола со која обвинетиот полициски службеник е прогласен за виновен и е осуден на казна затвор од една година. При одмерувањето на казната во пресудата е наведено дека судот ги зел во предвид степенот на кривична одговорност, побудите од кои е сторено кривичното дело, јачината на загрозување и повредата на заштитеното добро како и зачестеноста на ваков вид на кривично дело. Наведуваме дека оваа казна е минимална казна според членот 143 од Кривичниот законик и истата може да биде од 1 до 5 години.

Самата казна би била и поголема доколку се земеше во предвид етничката припадност на жртвата. Наведуваме дека полициската бруталност кон ромската заедница е проблем кој не е нов, меѓутоа оваа пресуда е прва пресуда која ја осудува полициската бруталност со казна затвор. Пресудата треба да претставува основа за казнување општо на полициската бруталност во нашата држава.
Воедно, истакнуваме загриженост во однос на протестот којшто се организираше во Битола на 13 ноември 2021 бидејќи според Полицискиот Кодекс полицијата треба да ги почитува сите одлуки донесени од страна на судовите. Полицијата како институција треба да се грижи за безбедноста на граѓаните, а не да организира протести на којшто се шири говор на омраза кон ромската заедница. Загриженоста ја истакнуваме бидејќи побудите за организирање на протестот пред сè се однесуваат на тоа дека полицискиот службеник добил казна затвор од 1 година поради употреба на прекумерна сила врз Ром. Таквиот наратив беше и споделуван од страна на медиумите со што се оформува јавно мислење дека казна затвор не треба да се пресудува ако лицето е припадник на ромската заедница. Станува збор за деградирање на заедницата, вршење на непотребни споредби со други случаеви и политизирање на пресудата.

Во наредниот период очекуваме ОЈО да го започне процесот по поднесената кривична кријава од 05.11.2020 година каде како жртви се јавуваат сите 5 лица под сомнение дека се сторени следните кривични дела – Малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од член 142 од КЗ, кривично дело Малтретирање во вршење на службата од член 143 од КЗ, кривично дело Непријавување кривично дело или сторител од член 364 ст.1 од КЗ и кривично дело расна и друга дискриминација од член 147 ст.1 од КЗ сторени од страна на тројца полициски службеници, велат од Аваја.

Roma Press- AVAJA

Reakcija tar pravnikoja Roma kontra e policijako sindikati..

Birađakiri organizacija tar pravnikoja Roma maj holame ostro kerna reakcija mujal o rodipe tar Policijako sindikati te pelarelpes o paluno lafi tar adelatibe mujal policijako bukarno G.P tar i bitola adelatimo jek berś phanlipe.

Здружение на правници Роми остро реагира и ги осудува барањата на Полицискиот синдикат од Битола за поништување на пресудата од Кривичниот суд во Скопје според која нивниот колега Г. П. од Битола е осуден на една година затвор.

Донесената пресуда на Кривичниот суд во Скопје е врз основа на обезбедени докази во текот на постапка која што траеше една година. Здружение на правници Роми потсетува дека работа и законска обврска на полицијата е да обезбеди заштита на животот на граѓаните, укажување на помош и почитување на основните слободи и права, а не вршење на кривични дела, прекшоци и полициска бруталност. Полицијата како дел од Министерството за внатрешни работи и полицаецот како униформирано службено лице врши работи согласно закон и предходно утврдени законски дејствија“, се вели во реакциата.

Roma Press- ZPR

Koj hovavela bash 26 bersengi daj so na kherela sine redovna ginekoloska pregledija..

На ЈЗУ СБГА “Мајка Тереза” – Чаир починатата родилка 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе. Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење.

Според информациите на Тимот на Рома Пресс за овој случај се говореше дека станува збор за родилка која немаше редовни гинеколошки прегледи, Според укажувањата на блиските роднини на родилката сега почината со големо жалење не информираат дека тука станува збор за голема нотарна лага ние впрочем ја имаме целовкупната документација на која ќе се докаже дали редовно имаше гинеколошки прегледи и ќе бараме вистината да се обелодени за овој случај.

Со сите докази за целиот случај вистината ќе се сподели со јавноста преку вашиот медиум,укажа блиска роднина на починатата родилка.

Bi bah panda jekhe terne 26 berśengere đjuvlaki tar Komuna Śuto Orizari nane maśkar o đjivde. Sebepi tar olakoro 36 kurkengoro khamnipe ano hospitali andi tani dukhencar thaj ki mangin medicinake agaar vakerdo operativno buthikheripe (carski rez) ikhaldo tano murś bebe numa poro đjivdipe naśavga i daj.

Numa pal amare kherde kontaktija e pashe familijaja tar 26 bersengi Romani djuvli tar Komuna Suto Orizari manglem te djana o chachipe ko vakeripe ano javnost so kerlapes lafi bash lake savi na kerela sas redovmo ginekolosko pregledija, doperelapes o puchipe kamlapes li asavke izjavencar ano javnost te cidelpes o cachipe sostar resaraga o meribe e terne dajako.

sostar ano vakeripe e pashe familijaja bash o Roma Press vakerge informacija savi plasirime ano javnost nane chachipe thaj amen prekal tumaro medium ka sikava tumenge sa olakere redvna pregledoja thaj ka djanelpes o cachipe bas akava slucaj.

Hazri kerga:Nedmedin A.-Roma Press

Tar o avdive nane khuvibe ano objektoja, kafiterije thaj restoranija bizo sertifikati bash lende vakcine Kovid 19..

Tar o avdive bash khuvibe andre ano objektoja valani sakoneske te sikavel poro sertifikato so isile lendo duj doze vakcine ja palem dokumento so nakhavga o Kovid 19 ano palune 45 divesa.
Akharaja sa e dizutnen save na lende e vakcine, so po sig te kheren odova, havlarela o Ministeriumi bash sastipe.
Ko jek o ministeri bash sastipe Venko Filipche bichavga mesazho dji sa e dizutne tar i them ano akava vakti te na kherel kherutne khedipa, zabave thaj sa o aver sostar dive pal dive bajrovela o numero tar nasvale thaj astarime manusha e Kovideja 19.

Од денеска за влез во објектите e потребен сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа – соопштија од Министерството за здравство, откако објавија за новите измени за влез во објекти.

Од Комисијата за здравство во петокот соопштија дека засега нема да има препорака за нови рестриктивни мерки, бидејќи сегашните, како носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, биле сосема доволни.

Hazri kerga:Erdjan M.-Roma Press-Republika.mk

- Reklam -

KOLUMNE