Blog Rig 80

DSR- Soćuvstvo baś o naśalde viktimia tar i bi bah ano Tetovo..

DSR- Prekal o inboh tar Roma Press bićhalela fuhalimo lil baś o viktimia mule thaj tharde manuśa ano Tetovo.

ДСР- Сочуство до семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово

Демократските сили на Ромите изразуваат големо жалење во врска со синоќешната големата трагедија и загубата на животи на граѓаните во текот на пожарот во модуларната болница во Тетово.
Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрени желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа. Воедно сакаме да потенцираме да се обрне поголемо внимание при изградбата и ставањето во функција на модуларните болници кои се со намена за згрижување и лекување на болни од Ковид 19.

Roma Press-DSR.

Havlaribe- tar Presidenti e themako Stevo Pendarovski

Сопштение
Havlaribe

O Presidenti tar i them Makedonija havlarela baś i tragikani čipota savi resarga ano Tetovo sa pere čipote (nastanija) panle e biđukoja 8- to Septemvri ćhinavenapes te realizirinenpes.

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, поради трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, известува дека се откажуваат најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Roma Press- Havlaribe..

Upreder 30 manuśa mule ano baro jagalipe savo astardilo ano hospitali ko Tetovo..

Erat paśe ano 21:00 ari ko jagalipe savo astardilo ano Kovid centro ko Tetovo e avgo informacie vakerna so isi mule manuśa upreder 30 manuśa numa nane oficijalno ka bajrovel o broj jali na aso isi thaj but khuvde thare viktimija.

Sakoja nevi informacija panle e Tetovaja Roma Press ka informirinel tumen.

Вечерва во пожарот кој избувна околу 21 часот, според она што може да се види на терен, целосно изгоре модуларната болница во Тетово која е дел од ковид-центарот и неофицијално се говори дека има над 30 заѓинати.

Erati rakhako palpale aktivna e jagalipe ano Skopjeskere gava..

Baro jagalipe  savo astarela ano bare kashta ano Skopjesko Mrsevci tar erati buvlovela pashe e gaveja aso e dizutne dena pestar sa te den dumo ko chinavipe thaj na mukhipe te buvlol o jagalipe  dji olengere khera, sar so vakerna avera informacie  o jagalipe  buvlovela  thaj ano avera pasutne gava prekal o Deladrovce, savo preperela telal i Komuna Kumanovo.

Ano video savo tano havlardo prekal o kanal5 tv dikhovela e dizutne sar korkoro lopatencar iklovena avrik te shaj dena dumo te na buvlovel o jagalipe dji ano olengere khera.

Шумскиот пожар кој беснее кај скопското село Мршевци вечерва се шири кон селото, а жителите се ангажираат за да помогнат во гасењето. Според некои информации, огнот почнал да се шири и кон соседното село Дељадровце, кое припаѓа на општина Куманово.

 

На видеото што го објави Канал 5 се гледа како луѓето со лопати се обидуваат да спречат огнот да се доближи до првите куќи во Мршевци.
https://youtu.be/G-T4j0sQhKE

 

Roma Press – video kanal 5 tv.

Popis erati sas ole tikoro chinavipe numa pal disavo vakhti thavdinga prekal normalnikano buthi kheripe..

Pali sukar anglalipe, erati kuslukosko ano dujto di resarga ko tikoro chinavipe o hramovipe e dizutnengo thaj kherengoro, posukar vakerdo ano 11 o ari e hramutne bash akava problemi sigo kerge haberi dji ko Rastrakoro  zavodi bash statistika aso i aplikacija so isiola problemi thaj nane olen shajipe te khuven olate andre. Palo nekobor arija o Direktori Apostol Simovski iklilo ani press konferencija thaj vakerga o problemi so si nakhavdo thaj o popis thavdela telal ki normala.

Aso o dizutne save na kamena te khuven ani statistikani operacija  thaj pandena pumare vudara, erati o Ministeri bash Andrune bukja Oliver Spasovski tar o Kumanovo bicavga mesazo so kamlapes te arakelpes merka bash e dizutne save na dena poro hramovipe ko popis. Numa pal pale ko agor vakerga so gndinela nane te trubul asavko diso sostar sebepeja so ano jekhto di thavdela sukar o popis thaj agaar ka agorkerel dji ko agor o lingaripe e popisesko.

По успешниот почеток, вчера претпладне на вториот ден се случи краток прекин на пописот на населението и домаќинствата, односно околу 11 часот попишувачите го известиле Државниот завод за статистика дека не можат да ја поврзат апликацијата за попишување на интернет за да ги внесуваат податоците од попишаните граѓани. Според директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски проблемот е надминат по неколку часа и операцијата продолжила успешно.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави мерки за граѓаните што одбиваат да се попишат. Секако дека ние, како МВР, работиме заедно со Државниот завод за статистика. Имаме наши претставници во штабот кој раководи со пописот, за сите граѓани коишто ќе одбијат да се попишат, сигурно е дека ќе се применат мерките и ќе има пријави.Меѓутоа, јас очекувам дека како што помина вчерашниот ден во една одлична атмосфера, атмосфера на граѓанска одговорност, дека и понатаму ќе продолжиме и пописот ќе заврши успешно – изјави Спасовски во Куманово.

Roma Press-https://www.slobodenpecat.mk/uspeshniot-pochetok-vetuva-uspeshen-popis/

Ulavgepes taśne baś tikore ćhave baś tavdipe tar o berś sikhlovibnaskoro..dikhen Video

Avdive i Humanitarno Organizacija ,,Klasje na Dobrinata” ano śukar buthi kheripe e aktuelno Śerutneja tar Komuna Šuto Orizari Kurto Duduś barabar e organizacijake vastalunencar ulavge siklovnenge taśne baš o čhave save araklagovena ano bilaćo socijalno hali.

Numa sar so vakerge angli kamera tar Roma Press kerlapes lafi intezivno 4 berśengoro buthi kheripe maškar i Komuna thaj i Organizacija, ano čante andre dengapes olenge sar avgo dumo tavdipnaske o sikhlovipe tar tetratke, kalemoja boićke thaj aver.

Dikhen video..

Foto mesažoja ..

Roma Press: Fuat, Neđmedin.

E Roma tane hazri baś o Hramovibe- Popis..

Пописот е од особено значење за ромската заедница бидејќи во нашата држава големината на заедницата дефинира сè, почнувајќи од тоа колку вработувања ќе имаме во јавната администрација, колку полицајци ќе имаме, дали ќе се усвојат нови ДУП-ови за ромските маала, колку ромски куќи треба да се легализираат, дали ќе се обратиме во суд на нашиот мајчин јазик, колку наставници Роми ќе имаме, па се до тоа колкав буџет за Ромите ќе се оддели, велат од движењето на Ромите Аваја.

„Во пресрет на најавениот Попис на населението нашата кампања – Горди Роми има за цел да го афирмира идентитетот на Ромите, со цел ромската заедница да го искаже својот идентитет гордо без никакви притисоци и манипулации, како и да ја информира ромската заедница за пописот како процес кој ќе се одвива во периодот кој следува. Како движење имаме за цел сите припадници на ромската заедница во нашата држава целосно да бидат опфатени со пописот и слободно да ја изјаснат за својата припадност.

Факт е дека досегашните пописи ја немаат прикажано реалната бројка на Роми во нашата држава. Според последниот попис Ромите беа застапени со 2,66% од целокупното население, меѓутоа сега после 19 години од последниот попис, ние сметаме дека Ромите се застапени со најмалку 4% од вкупното население во државата. Како движење кое функционира веќе 2 ипол години, истакнуваме дека Ромите овој пат се спремни да се попишат и слободно да го искажат својот ромски идентитет.

Упатуваме пораката до сите другите етнички заедници да придонесат кон фер спроведување на пописот без манипулации на ромското население, а до припадниците на ромската заедница слободно без притисоци да ја искажат својата припадност, како и да ги попишат сите членови на семејство кои живеат во странство.

Ние, како заедница имаме право слободно да се декларираме како Роми, имаме право да бидеме попишани на ромски јазик и будно да го следиме процесот на попишување за да пријавиме секакво нарушување на интегритетот на целиот процес“, соопшти Аваја.

Roma Press:Neđmedin A.

Petre Śilegov avdive ani vizita khi Komuna Śuto Orizari..

Avdive ani Komuna Šuto Orizari ani vizita o Śerutno tar i dis Skopje Petre Šilegov barabar e kandidateja tar SDSM ano Śuto Orizari Asan Ferat dikhlepes dizutnencar tar Šuto Orizari.

Anglal e Roma O Śilegov vakerga baś pere proektija save kerga olen ani Komuna Śuto Orizari phanle sar rekonstrukcie dromenge.

Денес Градоначалникот на градот Скопје  во придружба  со кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Ферат Асан одржавме неколку маалски средби со граѓаните од  Општината Шуто Оризари

На средбата Петре Шилегов укажа за реализираните активности поврзано со реконструитање на улицата Индира Ганди во должина од 1900 метри од крстосницата со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија до раскрсницата со ул. Нов Живот, а во моментов се реконструира и третата фаза од истата улица во должина од 800 метри.

Partija ROM ano avutne Alosaribe 2021 iklovela pere kandidateja..

Telal naoficijalna informacie save si kerde prekal telefonsko lavkeripe vastalunencar tar Partija ROM kerlapes lafi baś avutne lokalnikane alosaribe 2021 berś i partija Rom iklovela pere kandidateja ano Śuto Orizari o Tefik Mahmut, aso o kandidati tar o ROM ka ovel ikherdo hem tar VMRO DPMNE.

Oficijalno stavi nane panda ano javnost mukhlo numa, tellal  sa e vakeripa  vakerlapes so sigurna kandidatija đji avdive ano akava momenti iklovena ano avutne  alosaribe sar kandidatija, O Aktuelno Śerutno komunako Kurto Duduś, Ferat Asan, Gege Demirovski thaj o Tefik Mahmut.

Numa oficijalno ka đjakera ko tavdipa akale kurkeske ka oven resarde  pobuter puterde e karte koj kasa đjala thaj koj kas ka podrzinel ko avutne lokalnikane alosariba.

Baheja thaj đjakerela e Komuna Šuto Orizari but interesna Alosaribe 2021 berś.

Neđmedin A.Roma Press.

Vaska Bajramovska Mustafa nevo mandati panda 8- to berś sar telal Đihanesko nijamalipnasko arakavutno..

Vaska Bajramovska Mustafa leljarela panda jek mandati tar ovto berśa sar telal Đihanesko nijamalipnasko arakavutno ani them.

Baśh akaja pozicija ano akava than ikerkerela ola o nevo đijanengo arakavutno Naser Ziberi, savo ikerdo tano ani akaja pozicija tar o čon Januari. Akava iranalipa ano nijamalipnasko arakavutno resarela pali 16 berśengo vastakeripe ko čekat ano akava than o rajo Iđet Memeti, savo leljarela akana nevutno than ano Konsili tar dikho dośakerde (javno obviniteloja).

Васка Барјамовска Мустафа добива уште еден мандат од осум години како заменик на Народниот правобранител во земјава.

За оваа позиција Бајрамовска ја предлага новиот народен правобранител Насер Зибери, кој беше избран на таа позиција во јануари годинава. Ова следуваше по 16 години раководење со институцијата од Иџет Мемети, кој сега замина во Советот на јавни обвинители.

Roma Press lendo https://faktor.mk/vaska-bajramovska-mustafa-ushte-osum-godini-kje-bide-zamenik-naroden-pravobranitel—ziberi-ja-dostavi-listata-so-kandidati-do-sobranieto

- Reklam -

KOLUMNE