Патештествие на Ромско семејство и Здравствените институции

2755

Се говори дека Здравствените институции се втор дом на секој граганин во Република Северна Македонија, место кое секогаш треба  да биде во прв план хуманоста на самите здравствени работници, давање на прва помош на пациентите болни кои  очекуваат од самите здравствени работници да им излезат во пресрет поврзано со  медицинската етика, морал, хуманост и навремена реакција.

Говориме со семејство од општина Шуто Оризари, станува збор за семејство кое  повеке од 33 години имаат дете со посебни потреби и  укажуваат вистински искуства во нивната пресрет со  работата на здравствените институции.

Говорат родителите Р.Ш и Р.К.

  1. Кажетени, какво е вашето искуство со здравствените институции, и како реагираат тие, кога вие со вашето девојче – лице со посебни потреби барате помош или некоја здравствена ургенција?

-Р.Ш.  Како- и од кај да почнам, соработката е многу тешка, може  да се каже и никаква, неорганизираност,бруталност итн.  Девојчето ми беше многу болно (почнува да си ја раскажува вистинската приказна) патештествието почна од амболанта Шуто Оризари,  веднаш ни беше кажано да се упатиме до државната клиника Хирургија во Скопје.  Стигнавме до клиниката и веднаш со соочуваме со лош пристап и  проблем,  нема количка со кое средство треба девојчето да ја изнесеме и даја внесеме до амболатата укажува родител-мајка со полни насолзени очи.

Сопругот татко на девојчето Р.К. почна панично да реагира и да бара излез да се снајде со некаква количка, вртејки се горе доле, барајки некое средство со кое може девојчево да се изнесе, и после долго чекане ни донеасоа една количка која со голема тешкотија се мрднуваше од место и не беше за прилагодување на транспорт но ете некако стигнавме до влезот на амболатата.

-Р.К. Од  тука ни почнува хаосот нормално и паника во самите нас, со тоа што од преголемото малтретиране на девојчето за изнаогане на една обична количка девојчето од страв се укочило- а таа е многу болна, болки во плуката, слаба крвна слика,  немање на нормално регулирано дишење и  други болести. Им укажавме на здравствените работници дека се работи за болно девојче и тоа со наоди и списки како лице со посебни потреби но тоа не им беше доволно, ние  пред амболанта седиме и чекаме, напротив при влезот еден влегува друг излегува дури и не забележаа дека дојде и нашиот ред за влез и преглед во амболанта и никој не реагираа едноставно со еден збор таму е хаос, укажува мајката Р.Ш.

  1. Девојчето Р. З. е родено како лице со посебни потреби или?   

– Р.Ш. Девојчево е родена со аномалии и здравствени проблеми, сега има 33 години. Јас ја Чувам во домашни услови и можете да забележете како е чувано моето дете и јас воопшто не се жалам поради нејзината здравствена состојба и воопшто  не ми е тешка за негуване и чуване на истата, со насолзени очи говори мајката Р.Ш. Таквите случувана и проблеми  ги изнесувам со една и единствена цел за да  може да се подобри нашето здравство, ние со  нашето девојче се соочувам подолго време со таквите слични случувана. Исти не барем многу слични проблеми имавме кога требаше да се среди проблемот со нејзините заби  и тогаш се соочував со истите проблеми. што да се направи животот е тој немам друг.

3. Во најновиот случај со вашето девојче ни укажавте дека додека чекавте пред амболанта хирургија вашето девојче се онесвестило во безсознание – што направивте и како реагиравте?


-Родител Р.К. – Па видете, тоа ми беше и најголемиот стрес во мојот живот и сум многу благодарен на Господ –Бог што во тој момент ме служеа нервите без да направам некаков проблем, укажува родител Р.К. Не упатувале лево па десно и на крај да бидеме во радиолошкото одделение,  таму требаше да и се направи анализа, и веке тука детево колабира едноставно паѓа. Сестрата од радиолошко контактира со хирургија и една од медицински сестри  иде со терапија на рака каде при влез надвор и дава терапија,  ние и укажуваме- како тоа го правите надвор,  немали можност девојчето да го внесеме внатре во амболанта,  Таа тогаш ми вели не гледаш  дека нема количка. Патештесвието за да биде уште поголемо и по трагично, истата сестра мене како родител ме прашува твоето девојче да не е бремена, без да има предвид дека девојчето е лице со посебни потреби, и се чува во домашни услови и како би можела таа да биде бремена – со насолзени очи родителот ни ја укажува вистинската приказна. Тоа за мене беше како еден удар, тоа изледаше како умаловажувачка и дискриминаторска изјава од здравствен работник, кој во ист момент говори со родител кој чува дете со посебни потреби која исто така не е во можност да би имала некаква врска со некој маж.  Иронично не гледаа сите, и со самата нивна реакција за нас тоа беше како укажување дека ние како Ромска заедница сме безчувствителни заедница. Во изглед девојчево е малку поправена, но секако изгледот  на девојчето не треба да биде пресудно дека мора таа да биде бремена, Ја гледам медицинската сестра и во еден ист момент му се заблагодарувам на Господ за трпението и оддржувањето на смиреност.

-Се вракаме во хирургија и таму прима терапии, мислам дека беше диазепам и оддеднаш девојчето од преголемо малтетиране неможеше повеќе да издржи и имала мала потреба,  тогаш истата медицинска сестра мене како родител ми укажа- како може таа да мочка. Тогаш и велам, да беше вашето девојче во оваа состојба впрочем и толкуте малтретирања што би направила истата, продолжува- Јас ја чувам, јас ја имам болката на моето девојче, а вие со таквото однесуване ме вреѓате и умаловажувате Зошто го правите тоа? Потоа, продолжуваме со упатувања на докторот, имаше потреба на девојчето да се направи и  магнетна резонанса, исто така и таа работа со голема тешкотија ја реализиравме. Докторот ни укажа дека преку неговото следење на снимката во стомакот на вашата керка се забележуват чиреви и проблеми во абдономенот –  без да забележи дека, ние поради снимката што требаше да и се направи на девојчето ништо не и дадовме да пие и да јаде, впрочем на крај  излезе дека таа била многу жедна, родителот  со солзи продолжува да ни раскажува.

-Исто, ние инсистиравме девојчето да биде примена во клиника, затоа што имаше болки и тешко дишење, да и се даде соодветна терапија. Ние како родители што можеме дома, освен да ја гледаме и тагуваме.  Докторката за тоа наше барање и инсистирање ни укажа дека  во клиниката за такви деца нема место, тогаш каде  да се упатиме, таа вели не знам. Благодарност до приватната амболанта во Шуто Оризари, што за потоа изнаогале решение после нашето укажување како поминавме со болно дете во една од нај големите здравствени институции во Скопје, имале разбирање и соодветната терапија ни се овозможи девојчето да ја прима во домашни услови.

4.Како го решивте проблемот со здравственото осигуруване?

-Девојчето Р.З. има здравствено осигуруване, но ете тој ден кога се завршивме на крај на шалтер за уплата требаше да се регулира плакањето, таму ни укажуваа дека девојчето нема здравствено осигуруване. Велам нема проблем ке платам и приватно. Се вракам во фонд за здравствено осигуруване и таму се проверува и ми укажуваат дека нема проблем со здравственото регулирање поврзано со девојчето, ми издаваат и потврда (како доказ). Се упатувам повторно во клиниката, од таму истото ми го укажуваат дека не е регулирано здравстевното осигуруване.  Од целата дадена состојба со настанот нервите ми попуштаат и јас се откажувам од докажувања кој е прав кој е крив,  за  крај целиот преглед, терапии, снимки и анализи остануваат на наш приватен товар. Сосема на крај, Јас како родител со кое сум во постојана опкружуване со здравствените институции поради моето дете со посебни потреби, моето укажуване е дека- за нас како Ромска заедница, постои и ке продолжи скриената или полуотворената дискримиција во сите полина раскажува Р.К.

-Благодарност до приватната амболанта Интергин – Шуто Оризари, за укажаното разбирањето на нашата позиција и оддаването на нашето девојче соодветната терапија во домашни услови – како лице со посебни потреби, Благодарам.

Подготвил: Ерџан М. Неџмедин А.-Рома Пресс

Ова интервју ќе послужи како инспирација за театарскиот проект ,,ЛАВИРИНТ’’ на Театар Рома

Интервјуто е во рамки на проектот ,,Менување на наративите за Ромите во здравствените институции’’. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.