Патештествие на Ромско семејство и здравствените работници..

2591

Говорејки со Ромско семејство од општината Шуто Оризари  и нивното патешстествие во една од градските болници во Скопје. Пред нас говорат  како лица родител Т.С. граѓанин на Република Северна Македонија кои се третираат нанечовечки и нехумано начин по потреба да им се даде здравствена ургенција или било каква друга здравствена помош. Има ли селектирана здравствена правда или дискриминација. Т.С. ни укажува за неговото патештествие  преку неговото искуство со Здравствените  институции во градот Скопје.

·  Какво е вашето искуство со здравствените институции, и како реагирале докторите и помошниците кога вие со вашето дете побаравте помош и ургенција?

-Пред неколку дена бев со помалиот син Џ.С. (седум годишен)со повреда на рака (скршеница)што за потоа од нашата здравствена амболанта итно не испратија во Градска болница, Познавајкија институциата од предходни  годишни искуства, сам за себе си велам -каде сега јас треба да одам. Кога имаш мака а и немоќ сам да го решиш проблемот тогаш се соочуваш со проблемот,  итно со тахи возило се упатувам према градска болница. Стигнуваат до градска болница и уште од почеток од шалтерското работење па до интервенирање на здравствените работници почнува неговото патештествие со тоа да биде умаловажуван и дискриминиран од самата негова појава како Ром пред ова институциа, ну укажува Т.С.  При влез во Амболанта за преглед докторите немале никакво внимание дека се работи за дете со кршеница на рака и премногу болки, туку таму  во еден момент бев размислен дека се наогам пред некој приватен соопствен дом на докторите и едноставно кој им се јавуваат преку телефон така и веднаш  се упатуваат на преглед. Си велам јас како Ром, од кога да барам помош, со кого и кое име  да се најавам,  се вртам лево и десно да видам ке имамли можност за некојана врска па макар би била и некоја хигиеничарка да може таа да им укаже дека мие роднина за да го земаат детево во предвид (за жал ја немав ни таа срека не видов хигиеничарка Ромка). Неполни два часа чекаме, и некако  влегов при врата и лубезно го замолувам докторот велам –Докторе два часа чекам ако може некако и ние да влеземе синот има големи болки,- нема никаков одговор туку? Излегувај надвор и чекај, јас не седам и јас работам.

·  Дали ѓи известивте докторите дека се работи за итен случај?

-Да, Видете  да сум до толку неписмен не сум,  со само мое доаѓане на шалтер кога го заверуваат упатот таму има ознака дека упатот е приоритетен, и со заверка на самиот упат веке внатре кај докторот со помош на мрежното копјутерско работење информиран е дека на ред има и приоритетен пациент, но тука веќе станува збор за каков и кој пациент чека надвор? Тоа е битно,  а не дали е приоритетен или нормален преглед. Исто така на неколку наврати му укажуваме на медицинскиот работник дека детево надвор плаче и има силни болки- знаете што ни одгорија дека  во моментот имаат многу по битни и многу по инти случај од овој наш. Велам, можеби и во право се, но на крај увидов дека тука не станува збор за ништо друго тука за таа внатрешна скриена дискриминација за нашата боја на лице, е тоа е нешто многу болно (започнува со истреперен и плачив глас да говори пред нас)

*  Од како влеговте во Амболантава за преглед како беше нивниот пристап кон вас?

– За кое влегување ми укажувате за после два часа (кога веке почна нетрпението на мене да влијае) Ме прашувате за однос или лубезност. Не беа воопшто љубезни кон нас не гледале како небитни суштества,  нивното укажување на помош, не што не беше лубезен туку и арогантен однос кон нас. Не упатија на снимка за потоа и интервенција во ѓипс салата со тоа што немале друга можност како да не вратат, затоа што детево вистински умираше од болки.  Замислете јас како родител, на се ова смирено да изгледам, а и лубезно да ѓи замолам. Ме прашуватели мене, како можев јас да ѓи контролирам моите човечки нерви пред се како родител, срамно, жално и многу бедно тоа што се случува околу нас и нашето здравство. Јас како граѓанин на нашата заедничка Македонија ако ме прашувате мене воопшто не сме задоволни од укажаната помош на моето дете, впрочем како би и бил задоволен после се ова што сум увидел со мои очи на нехуман и нечовечки однос према пациент.

*  Дали мислите дека нивниод однос кон вас беше таков само поради тоа што сте Ром?

– Чекајте малку, замислено не гледа еден од родителите на детево и укажува, Вие со ова ваше прашање сакате да ме иритирате или? Јас цело време ви укажувам со факти примери што се случи лично со мене и вам ви личи дека сме биле ние третирани еднакви према другите НЕ ви говорам НЕ.  Да, еве уште еднаш и уште сто пати ке ви повторам дека ние тоа веднаш го чувствувавме во нас штом пристигнавме пред болницата, и ова не е прв случај, Јас верувам дека има уште многу друѓи слични случаеви како нашиот поврзано со Ромите, но исто така и ова е вистина дека Ромите не излегуваат пред медиуми и да си го искажат својот проблем, револт и малтретирање. Ја мислам дека се ова нам што ни се случува е поради една и единствена причина затоа што сме Роми.  И сосема на крај морам и ова  да ви го укажам, знаете ли дека здравтсвото работи на овој пример- Доктор  од албанска етничка заедница ѓи гледа и им помага така народски кажано нивните албанци пациенти. Доктор од македонска етничка заедница си ѓи гледаа така народски кажано своите македонци пациенти? Е сега се поставува прашањето кој нас да не гледа, кога и тие Роми што се завршени со медицински факултет не ѓи примаат на такви места, туку и ако ѓи има нив ѓи забутаат во некое место каде што немаат никаков пристап со пациенти. Тогаш ние, или слични примери како нашиот  кај треба да се обратиме останува затворено прашањето? или и понатаму  ке си чекаме пред амболанти се додека нема да се ослободи и смилува некој доктор од своите гужви па да не прима нас.

·         Каква здравствена интервенција му беше дадена  на вашиод син Џ.С.?

-Нанапред бевме упатени на ренген снимка, но и таму иста приказна почекавме пред ренген еден час оние кои имаа познаства и ургенции си влегоа слободно пред мене.  Јас како пациент Ром кој си бев уреден на ред не ми беше дозволено да влезам додека не завршија ПАЦИЕНТИ ОД ПРВ РЕД ОДНОСНО ПАЦИЕНТИ СО ВРСКИ, завршивме на ренген за потоа бевме препратени во ѓипс сала и тука не беше ништо поразлично почекавме 30 минути, За на крај  требаше да чекаме да ги чита резултати докторот и тука чекавме уште 30 минути додека да се врати од кафе пауза (без да се почитува временскиот термин за пауза).

*  Сосема за крај ваш апел до нашите читатели?

– Јас, сосема  на крај како родител и носител на пет члено Ромско семејство, Апелирам до сите здравствени работници да се држат до својата дадена Хипократова заклетва и нека сите пациенти не се селектираат според нивната раса боја на лице и друго, сепак сите сме луѓе од месо и крв и не треба да имаме никакви различни бариери, Апелирам до сите политичари, пратениците, невладини организации и сите останати да превземаат поголема одговорност како и да се проверуваат медицинските институции поврзано со нивниот кодекс на работа и однесување затоа што навистина немаме еднаквост према останатите етнички заедници, со една и единствена причина за тоа што сме Роми.

Укажувањето е говорено од лицето  Т.С.- Општина Шуто Оризари.

Ова интервју ќе послужи како инспирација за театарскиот проект ,,ЛАВИРИНТ’’ на Театар Рома

Интервјуто е во рамки на проектот ,,Менување на наративите за Ромите во здравствените институции’’. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Интервјуто го подготвил и реализира: Ерџан М. Неџмедин А.-Рома Пресс.