Доделени 160 таблети на институции и даватели на социјални услуги меѓу кои и дневниот центар во Шуто Оризари..

1047

Radji tari Republika Utarali Makedonija ani 178 – to beshin anga decizija te delpes ko savakti 160 tablet kopjuterija institucienge thaj socijalna centroja ko nacionalbikano thaj lokalno nivelo ki them Makedonija.
Generalno Sekretari tari Radji Makedonijaki, m-r Metodija Dinovski, bare hoshipnaja ko anav e Radjake ulavga o tabletoja thaj vakerga akaja donacija ka del dumo bash asavki kategorija chavorengi polokheste te ovel o putribe e vudara taro digitalnikano sumnal.

Maskar e pobuter institucie thaj centroja savenge ulavgepes e tabletoja, astarimo tano thaj e divesko centro ani Komuna Suto Orizari.
👇👇👇

Владата на Република Северна Македонија на 178та седница донесе одлука за давање на трајно користење на 160 таблет компјутери на институции и даватели на социјални услуги на национално и локално ниво низ целата држава.

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, м-р Методија Димовски, со особена чест и задоволство, во име на Владата на Република Северна Македонија, се сретна и официјално ги предаде таблет компјутерите на претставници на институциите за кои се наменети.

Инаку, со донацијата се помага на социјално ранливите лица од различни возрасни групи да им се отвори вратата кон дигиталниот свет.

Станува збор за донација на таблет компјутери, кои се донираат на над дваесет институции и даватели на социјални услуги, меѓу кои: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје; Дневни центри за поддршка на лица со интелектуална попреченост, раководени од страна на Републичка Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака од Скопје; Мал групен дом во Кавадарци, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кавадарци; Центар за загрижувачки семејства во Битола, раководен од страна на ЈУ Мајчин дом во Битола; Дневен центар за Даунов синдром во Скопје, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје; Дневен центар за лица со попреченост, раководени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Струмица;Дневен центар за лица со попреченост, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Куманово;Дневен центар за деца на улица во Шуто Оризари, раководен од страна на граѓанска организација Здружение за заштита на правата на детето – Скопје; Младинско здружение на глуви и наглуви „Млад Знак“ во Скопје и други.

Рома Пресс- превземено од Влада на РСМ