Интервју: д-р. Маја Спирова- психијатар во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември – Скопје .

2781
  1. Какви се вашите генерални искуства со ромските пациенти врзани за нивниот односот кон здравствените работници?

М.С.  Ѓенерално имам позитивни искуства како др. психијатар во оваа установа веке две години, Во таа насока секогаш кога доагаат кај нас во нашата здравствена установа пациентите се  презаинтересирани  за сопствената здравствена состојба и за својот проблем,  впрочем бараат помош и исто така го прифакаат советот. Многу е битно  и тоа сакам да го потенцирам, Ромите како пациенти се дисциплинирани и се придржуваат кон  препишаната терапија.  Доаѓаат редовно на  контроли, јас како др. психијатар можам со гоемо задоволство да ви укажам дека  имам едно  големо позитивно работно  искуства  со Ромската заедница.

  1. Дали може да ни одвоите некое искуство со ромските пациенти?

М.С.  Да,  Еден  ден пациентка и нејзин родител уште на почетокот на нашето прво видување дојдоа збунети,  несигурни како и недоволно информирани за нивната здравствена  состојба за потоа ние им објаснивме за што станува збор,  препишавме терапија, прегледи и други пропратни работи. Потоа тие почесто си  доаѓаа на контроли,  за после неколку месеци по ред се увиде промената кај пациентот како и комуникацијата со нејзините родители. Говорам за овој конкретен пример дека пациентката беше презадоволна од нашата соработка како и комуникација, за мене тоа беше еден од позитивните примери поврзано со мојата работа во здравствена установа 13 Ноември.

  1. Колку се придржуваат ромските пациенти до правилата одн. терапии, здравствена помош што ги одредува лекарот?

МС.  Кога станува збор колку Ромите пациенти се придржуваат  до правилата на пишаната терапија,  мое работно искуство говори дека тие се многи дисциплинирани и се придржуваат кон запишаната терапија, но исто така наидуваме на недоразбирање кога здравственото осигурување им прекинува, одредената  терапија ја нема на позитивната листа е тогаш е по комлицирана работата, со тоа што треба да се најде решение како да ги применува лековите пациентот а нема регулирано здравствено осигурување, тогаш  сите потребни терапии и лекарства  тие ги сносат на свој товар приватно. Психијатриските лекови во фондот е со минимална партиципација, доколку здравственото осигурување прекине тогаш пациенто треба  терапијата да ја купи приватно за да може да продолжи со лекување е токму во тој момент  настануваат недоразбирањата  со тоа што лековите кои се антидепресивни  или да се лекови за деменција  се малку поскапи и треба самите да си ги набавуваат. Сакам пред вас и вашиот медиум и ова да го потенцирам, Ромите знаат да се солидаризираат и многу брзо наидуваат на некој пријател, роднина кој што ке им помогне и ке се набави терапијата. Но исто така  не секогаш завршуваат со изнаогање на такво решение, укажува доктор Маја Спирова.

  1. Дали сметате дека Ромите се дискриминирани?

М.С.  Мислам дека не треба да се дискриминирани – Во глобала не знам, од моја страна никогаш не беа дискриминирани- не само Ромите туку и сите останати пациенти.  Кога станува збор за  прашањето околу здравственото  осигурување, мојот став е дека секој државјанин на Република Северна Македонија треба да биде здравствено осигуран и да ги има еднакви правата како и сите останати, меѓу кои и  Ромската етничка заедница. Околу тоа колку од Ромската заедница немаат регулирано  здравствено осигурување тука неможам да дадам мое увидување со тоа што тој проблем јас мислам дека треба да се реши со помош помеѓу институциите во системот, Ромската заедница и други високи инстанци во нашата  држава.

5. Едно ваше лично гледиште: Што треба да се промени (во сооднос лечник – пациент) за да се подобри состојбата во сите аспекти?

М.С.   Дасе има разбирање  како и трпение од едната и од другата страна,  затоа што сепак докторот треба да е тука и да пружи помош за било кој пациент кој веке е  тука во амболантата.  Од друга страна пациентот не треба секогаш да гледа за својот проблем дека докторот му е крив.  Многу е битно  кај пациентитете да се има трпение,  да соработуваат,  да се придржуваат кон терапиите  како и условите кои му ѓи укажува докторот.  Соработкатаа посебно како пациенти Роми во нашата здравствена установа морам да ви укажам дека е одлична и во мојата работа како доктор психијатар на Здравствената  установа 13 Ноември – до сега не сум имала лоши искуства со Роми-пациенти.

Соговорник  д-р. Маја Спирова- психијатар.

Подготвил: Ерџан М. Неџмедин А.-Рома Пресс

Ова интервју ќе послужи како инспирација за театарскиот проект ,,ЛАВИРИНТ’’ на Театар Рома

Интервјуто е во рамки на проектот ,,Менување на наративите за Ромите во здравствените институции’’. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Видео..