Не ги познаваме луѓето, а ги осудуваме пред нешто да знаеме за нив !?

1621

Ani redakcija tar o ,,24info” resla liloro (pismo)saveste hramonela jek daj savi tani mukhli tar poro rom arakhela korkoro pere ćhave thaj vakerela baś o vilo savo tano tar Gabriel Bajram thaj sar denga ola dumi ano jek olakoro rodipe.

Teleder daja tumen o sasto hramomo teksti havlardo ano,,24info”ani makedonikani ćhib.
👇👇👇

Во редакцијата на „24инфо“ со писмо се огласи самохрана мајка во врска со натписите и случувањата околу Габриел Бајрам. Таа од лично искуство не се согласува со искажаните статуси, кометари, етикети… кои му се припишуваат на Бајрам.

Во целост ви ја пренесуваме писмената реакција:
Во последно време читам разно разни статуси, коментари и натписи по медиумите за една личност, за која се трудат да ја деградираат и омаложувааат. Ццц.. какво општество сме ние. Алоо…, во кој век живееме?! Зошто невистини и лаги за Габриел Бајрам?!

Јас сум самохрана мајка, родител на две малолетни деца. Останав сама поради сплет на околности и веќе три години се трудам да обезбедам егзистенција сама на моите деца. Поради обврската кон моите деца, бев приморана да ја напуштам работата која налагаше да работам во смени, а бидејќи сум сама и нема кој да се грижи за моите деца, одлучив да го одберам потешкиот пат. Да работам помалку а да се грижам повеќе за моето семејство. Но тоа тешко одеше… Еден ден одлучив да побарам помош, бидејќи со мојата мала плата не стигав да ја платам ќиријата од станот каде живеевме.

Случајно го сретнав Габриел Бајрам како седи и пие кафе со некои луѓе. Се плашев да му пријдам но ете собрав храброст иако си мислев дека можеби ќе ме одбие. Но верувајте не беше така… Тој ми кажа да го почекам да заврши со разговорот и дека ќе излезе да позборуваме. И навистина беше така.

После неколку минути излезе надвор и му ја објаснив ситуацијата… Човекот ми го даде својот број да го побарам и дека ќе ми помогне. Си отиде и повторно се врати и ми кажа, почекај жено… Од џебот извади пари и ми ги подари, а јас запрепастена од неговиот однос.

Ми рече: Купи нешто на децата и барај ме утре. И навистина, луѓе… го побарав утрешниот ден и ми кажа преку смс да му ја испратам мојата трансакциска сметка, но ми кажа, сетоа тоа да остане анинимно и да не кажам никому… Верувле или не… ете веќе неколку месеци, Габриел Бајрам ми помага да ја платам ќиријата каде што живеам… Ова досега на никој не сум му го кажала… но бидејќи гледам дека се води некаква хајка против него, одличив мојата приказна да ја пренесам со цел да му помогнам… Можеби и на некој друг му помогнал, не знам, навистина не знам… ама сигурна сум дека има голема душа.

Искрено, не знам оваа негова голгота кога ќе заврши… ама само едно знам дека ние општо како народ не знаеме да ги цениме луѓето… Едноставно … ги осудуваме луѓето пред нешто да знаеме за нив.

Со почит,
Благодарен родител, самохрана мајка.

(п.с. писмото е оригинал и не е редекатирано)

Roma Press-lendo tar o,,24info”