Следниот потег на Орбан: Надвладување врз одлуките на судовите

2050
Hungary's Prime Minister Viktor Orban leaves following a meeting during the second day of a special European Council summit in Brussels on February 21, 2020 held to discuss the next long-term budget of the European Union (EU). (Photo by Aris Oikonomou / AFP) (Photo by ARIS OIKONOMOU/AFP via Getty Images)

Жељко Јовановиќ е директор на Канцеларијата за Роми во рамки на Фондациите Отворено Општество
Одлуката за блокирање на пресудата против сегрегација на Ромите укажува зошто лидерите на ЕУ мора да се спротивстават на унгарскиот моќник.

Виктор Орбан ја спроведува својата кампања за целосна контрола на Унгарија на повисоко ниво.
Унгарскиот премиер минатиот месец објави дека неговата влада ќе блокира судска пресуда со која се обесштетуваат Ромите жртви на сегрегација во училиштето во градот Ѓонѓошпата.
Унгарците, тврди Орбан, „никогаш нема да прифатат да даваат пари за ништо“. Вистинските жртви, тврди тој, се учениците од градот кои не се Роми .
Последиците од оваа соопштение на Орбан ја надминува судбината на Ромите, во Ѓонѓошпата или во другите делови од Унгарија.

До сега, Орбан и неговата владејачка партија Фидез се одржуваа на власт со уништување на опозиција преку креирање на измислени надворешни непријатели – Европската унија, Џорџ Сорос, мигрантите – со цел да ја засилат својата контрола и моќ. Сега, тие создаваат непријатели од редот на своите граѓани во државата – поттикнувањето на Анти-ромски расизам е можеби најлесниот метод што можат да го изберат.
Оваа срамна епизода укажува на тоа колку далеку ќе оди режимот во Унгарија, за да ја задржи својата контрола. Орбан со овој чин испраќа порака, дека секогаш кога жртвите на незаконски или кривични дела ќе добијат судски случај, владата ќе утврдува дали одлуката е исправна, дали треба да има компензација и како треба да се изврши.
Еднаш кога режимот ќе направи преседан за надвладување на судовите, секој што не е во добри односи со оние на власт ќе немаат права, додека оние кои се наклонети кон власта ќе бидат заштитени, дури и ако се криминалци.
Орбан исто така го најави својот план за спроведување на „национална консултација“ за судската пресудата за обесштетување – тактика што претходно ја има искористено, кога испрати анкета со сугестивни прашања за ставовите на Сорос за миграцијата, во обид да го дискредитира.


Како одговор на овој потег, ромските граѓански лидери организираа мирен протест, излегоа на улиците на Будимпешта, повикувајќи ја владата да ги почитува правата на Ромите.
Потезите на режимот се раѓаат од страв. Партијата на Орбан, Фидез, видно погодена од победата на опозицијата во Будимпешта и на други значајни места на последните избори, сега е загрижена дека би можела да ја изгуби власта.
После една деценија под владеењето на Орбан, унгарските граѓани почнуваат да поставуваат прашања што владата би претпочитала да не ги одговара: Зошто историски голем број Унгарци ја напуштаат земјата? Зошто јавни здравствени услуги во Унгарија рапидно се влошуваат? Дали унгарските деца заслужуваат образовен систем кој, во последната деценија, се спушти од 37-та до 96-та позиција од 138 земји рангирани од Светскиот економски форум?
Како одговор, режимот сега ја повторува тактика на Јобик, екстремно десничарската унгарска партија, која се обидуваше да изгради моќ со напаѓање на Ромите.
Јобик ја создадае таа тактика пред околу една деценија, насочувајќи го гневот и вознемиреноста предизвикана од финансиската криза кон Ромите, како жртвено јагне, врз основа на вкоренетите стереотипи.
Овие напори разгореа омраза кон Ромите и доведоа до појава на униформирани паравоени сили кои маршираа низ ромските заедници. Екстремно десничарското мотивирано убиство на шест Роми, вклучително и Роберт Чорба, едно дете, беше трагично, но сепак не предизвика промена на ставовите кон Ромите.

Методите на Орбан се застрашувачки, со оглед на екстремно десничарската закана која се шири околу него. „Расизмот е отров“, со право рече германската канцеларка Ангела Меркел по последниот екстремно десничарски терористички напад во нејзината земја, во кој загинаа 10 лица во Ханау – од кои неколку, наводно, се Роми.
Кога станува збор за Унгарија, постапките на Меркел не соодветствуваат со нејзините зборови. Канцеларката е најмоќната фигура во Германија, но, нејзината демо-христијанска унија и централно-десничарската Европска народна партија – сè уште соработуваат со Орбан, што овозможува ЕУ да продолжи да финансира режим што го користи истиот „отров“ што доведе до трагедијата во Ханау.
Ова ги мотивира членовите на германската политичка и индустриска елита да работат со и во Унгарија – и на тој начин, овозможувајќи ја авторитарната кампања на омраза на Орбан.
Потребно е да се направи многу за да се промени ваквата состојба, додека сè уште имаме средства. Првото нешто што треба да се направи е да се замени политичкото лицемерие со морална јасност. Виктор Орбан и екстремно десничарските терористи тврдат дека штитат одреден начин на живот – како и новата Европската комисија, која за прв пат вклучува комесар за „промовирање на нашиот европски начин на живот“.
Лидерите на Европа, вклучително и Меркел и претседателот на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, мора да појаснат дека нивната дефиниција за европскиот начин на живот не е иста како онаа што ја промовираат Орбан и другите истомисленици, како италијанскиот лидер на десницата, Матео Салвини. Омразата нема место во европскиот начин на живот.
Политичките лидери, мора да одговорат на екстремно десничарскиот тероризам со иста енергија и одлучност како што реагираат на терористичките акти извршени во името на исламот.
Не е доволно, како што предложи Советот на Европската унија, „да се создаде подобар преглед на ситуацијата“ и „да се развијат и споделат добри практики“. Екстремно десничарскиот тероризам тројно се зголеми во последните пет години. Дебатите за политиката на ЕУ мора да ги земаат предвид расистичката политика која поттикнува терор.
Понатаму, Европската народна партија мора да ја исклучи Фидез надвор од своите редови. Останувањето на партијата во рамките на најголемите про-ЕУ политички сили не ја подобри состојбата со унгарската демократија.
ЕУ, исто така, треба да престане да обезбедува средства што ја храни моќта и расистичка машина на Фидез. Доколку не се преземат активности како погоре наведените, зборовите нема да имаат никакво значење кога ќе се случат следните убиства.
Фидез ја поткопува секоја социјална и институционална основа која обезбедува отчетност и контрола на нејзината моќ, а сите знаеме кон каде тоа води. Јас пораснав под режимот на Слободан Милошевиќ во Србија, каде катастрофалните последици од таа диктатура траат со генерации.
Прозорецот на можности може да се затвори за Унгарија, но ова не е време за пораз. Ако Ромите можеа да водат илјадници луѓе на минатонеделниот протест, оние со многу поголема моќ може да ја искористат за да и помогнат на Унгарија повторно да стане вистинска демократија.

Рома Пресс- превод:Politicio.eu