Ano eratutno liderikano dikhibe angapes paluno lafi e Alosariba ka ikergoven ano 12 aprilo..

930

Ano liderikano dikhipe telal akharipe tar tehnikano premieti Oliver Spasovski sa e politikane partie ange jek decizia vakeribnaja maj bitno thaj valanutne si o sastipe e dizutnengere thaj te arakamen tar aktuelno virusi korona.

Numa puterdilo vi o lafi baš aktuelna alosaribe savo trubul te ovel ano 12 aprilo, i decizija tani andi e alosaribe te ikergoven ano dive 12 aprilo numa bi anglal te ovel khedipe ja politikane mitingoja thaj so šhaj pobuter te našava o manušikane khedipa.

На лидерска средба кај премиерот Оливер Спасовски, претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на движењето БЕСА Биљаљ Касами имаа заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните и дека ќе ги почитуваат препораките.
„Нема поважна работа од здравјето на граѓаните. И во таа насока побарав согласност која беше прифатена дека е неопходно сите да покажат одговорност и да се однесуваат одговорно“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, по координативната средба со лидерите на политичките партии за состојбата со коронавирусот.
Многу е важно, рече Спасовски, сите политички партии да покажат одговорност пред здравјето на граѓаните, да ги следат препораките на институциите и нивните активности и кампањата за изборите да ја приспособат врз основа на она што е препорачано во мерките од страна на институциите.
„За мене претставува очекувано задоволство тоа што на состанокот се обедини заеднички став дека е најважно здравјето на граѓаните. Тоа е пред се и над сѐ“, нагласи Спасовски.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека ќе ги почитуваат препораките и мерките на Владата за справување со коронавирусот и своите предизборни активности ќе ги водат преку медиумите, социјалните мрежи и преку лајфстриминг.
„Здравјето на граѓаните е највисок прироитет за сите институции и политички субјекти. Здравјето секому треба да му биде над се останато“, рече Заев, додавајќи дека политичките партии треба да бидат пример за почитување на инситуционалните препораки.
Мицкоски посочи дека извесно е дека изборната кампања ќе се адапира на актуелните услови поради коронавирусот и ќе се води на алтернативни начини, преку социјални мрежи и мас медиумите и дека нема да има партиски митинзи додека трае забраната за јавни собири.

Roma Press- lendo https://www.mkd.mk/makedonija/politika/liderite-se-soglasija-izbori-na-12-april-da-ima-bez-sobiri-i-mitinzi