Ниту поскапо ниту поевтино. Цената на струјата останува иста и по официјалниот старт на работа на т.н. универзален снабдувач. Граѓаните можат да бидат мирни: „Нема промена на цената на струјата, граѓаните можат да останат мирни. Како и што најавивме, нема ниту ценовен шок ниту пак какви било корекции. Сѐ останува како што е досега, нормално освен, што од понеделник 1 јули почнува со работа новиот универзален снабдувач кој ќе им испорачува струја на домаќинствата по регулирана цена“, изјави за Дојче веле, Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Од 1 јули домаќинствата ќе добиваат електрична енергија од ЕВН Хоум. Новиот универзален снабдувач практично не значи ништо за граѓаните бидејќи овој правен субјект произлегува од ЕВН Македонија, енергетската компанија која и досега ги снабдува домаќинствата. Од она што е досега познато, ниту едно домаќинство не излегло на слободниот пазар, односно сите корисници на услугите на ЕВН остануваат во дистрибутивната мрежа на оваа компанија. Единствената новина е што домаќинствата ќе добиваат сметки на кои ќе пишува ЕВН Хоум, укажува Бислимовски.
Učipe thaj nahulipe e fijatesko bašh elektrika ačhovela ko jekh sar đji akana, numa tavdela bukhaja jekh thar nevipe khi elektrika anavkerdo sar ,,Univerzalen snabduvač “.
E dizutne šhaj ovena sansarale. Nane khanči te ovel e fijateja thar olengoro pukhinibe,na valani te daran sostar nane resarde disave korekcie.
Sa ačhovela sar đji avdive numa thar o 1 Juli tavdela buthi kheribnaja o univeryalnikano leljarutno savaja ka anlarelpes elektrika ko khera thar o jerije pal regulirimo fijati pukinibaske, vakerela o Marko Bislimosvki, presidenti thar Regulatornikani komisija bašh energetika.
Thar o jekto Juli e familija ka resarel olenge elektrika prekal o EVN Houm, akava analardo nevipa nane phnale khanči e dizutnensar sostar thano hakajibasko subjekto savo iklovela thar EVN Makedonija, energetikani kompanija savi đji avdive anlarela elektrika đji o khera e jerienge.
Hazri kerga-Roma Press