Ano pervazija tar konferencija avdive ikherlapes khedipe ani tema ,,Dikhlaripe o anglunipe ani Republika Utarali Makedonija” telal organizacija tar ROMALITICO.
Ano konferencijako khedipe lena than Ministerka baš trud thaj socijalna politika Mila Carovska thaj o Ministeri baš legaripe e Strategijako e Romengi baš lačharipe o đjivdipe e Romengoro ani Makedonija.
Kerlapes lafi ani konferencija baš sa o resipe tar čhalipe ja palem na,tar sa odova so si resardo phanle e Romane haleja ani Republika Utarali Makedonija.
Drabaren ani Makedonikani chib o vahtavija tar jekto sesija e konferencijaki
Царовска денес учевствуваше и презентира не само постигнувањата во делот на интеграција на Ромите во општеството, туку се разгледуваат и заеднички дa се наоѓа решение за предизвиците кои остануваат пред нив. Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во нашата земја Музафер Бајрам порача дека имаат плодна соработка со МТСП и се заблагодари за поголемиот Буџет за инфраструктура за Роми за претстојната година.
Ние како министерство навистина се трудиме да ги вклучиме Ромите во сите политики кои ги креираме, се со цел да добиеме едно општетсво кое ги интегрира сите граѓани. Голем дел од ромското население е опфатено со социјалната реформа, посебно со детскиот и образовниот додаток.
Дополнително работевме на вклучување на децата Роми во градинките. Претходно ова беше проектно решение, но сега локалните самоуправи преку блок дотации од Буџетот ќе треба да ги финансираат и да обезбедат резервирани места за овие дечиња во градинките во градовите каде има ромско население со цел поеднаков старт на сите деца во општеството, рече Царовска.
Буџетот е зголем 100%. Намесно 20 сега имаме 40 милиони. Горчлив проблем за Ромите останува вработувањето. 1.3 се вработени Роми во државна администрација. Три четвртини од вработените Роми сеуште се на ниско квалификувани работни позиции.
Поразително е што немаме Роми на високи раководни позиции. Направивме критика на балансерот дека тој сепак ги фаворизира двете најголеми етнички заедници, македонската и албанбската, а за нас остануваат само трошките, Се надеваме дека ова ќе биде ревидирано, рече Mузафер Бајрам.
Владата успеа да го тргне балансерот кој беше воведен во 2016-та година кој всушност претставува алгоритам со кој се врши прераспредеба на работните места во джавната и јавната администрација– оценува Суад Скендери од Ромалитико.Балансерот нанасе штета на ромската заедница.
Нашите анализи покажуваат дека имаме подготвен кадар кој чека на вработување.
Согласно принципот за правична застапеност Ромите во државната и јавната администрација треба да бидат застапени со 2.6%. Добро е што оваа Влада покажува сигнали дека се насочува да ја подобри ситуацијата, оценува Суад Скендери од Ромалитико.
Hazri kerga:Nedmedin A-Roma Press