Javno reakcija tar Komuna Šuto Orizari baš o Ministeriumi kulturako..

912

Avdive prekal socijalna mreže o Śerutno e Komunako Kurto Duduś phravde kerga reakcija baš o Ministeriumi Kulturako savo na ikerga o proekti dendo prekal o puterdo konkursi tar nacionalnikano interes ani kultura 2021 berš.
Sa sebepeja so akava berš jubilej isi tar 50 berša e biđukoske 8- to April sar Maškar themutno dive e Romengoro.

Општина Шуто Оризари јавно го изразува своето незадоволство од одлуката на Министерството за Култура за одбивање на поднесената апликација на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.

Оваа година се одбележуваат јубилејни 50 години од 8ми април како Меѓународен ден на Ромите. Целиот концепт на апликацијата кон Министерство за култура се однесува на подигнување на значењето на Ромската култура во мозаикот од Македонското наследство и култура, во пресрет на денот на Ромите и денот на основање на општината.

Во 2020 година, на истиот конкурс општината аплицираше со идеја за возобновување на згаснатото фолклорно богатсво “Пхралипе”, со врвни партнери во областа за кое се одобри сума од 50.000 денари. Овој договор минатата година беше одбиен од страна на општина Шуто Оризари имајќи ја во предвид сериозноста на целиот проект која беше потценета со таа издвоена сума.

Сметаме дека со вакви одлуки Министерството за Култура покажува ниско ниво на желба за меѓуинстуционална соработка и поддршка кон општина Шуто Оризари

Сепак, Општина Шуто Оризари се обврза и ќе продолжи и понатаму во рамки на своите буџетски можности да работи на негување и промоција на Ромската култура.

Roma Press- lendo fb profil.