Kolumna Srđan A- Vrednostija..

795

Вредности

Композиција составена од генот, менталниот склоп, културата, историјата, опкружувањето, образованието во еден засебен сплет кој што се имплементираш себеси како личност. Од таму другите те проценуваат (како резултат на сплетот) добар, лош, алчен, зависен, слаб, јак, итн. Човековото поведени најчесто се заоснова на овој сплет. Во една ситуација, собрани дечиња, пред влез рсзговараат со мобилните во раце употребувајќи сленг на 17 годишни тинејџери. Едното му обајсмува на другото… ќе ме прати он мене во Кам, клошар… вози цитроен некое старо брат (деца од 9 години), никаков у главата, па бил постар… и шо бе … шо ако е постар, барем да изгледаше на нешто … брат. Другото му одговара… брат ок е бе, ама сепак постар е брат, ене кај ти е Кам ќе отидеш ќе земеш и ќе му донесеш, сепак да се почитуваат постарибе бе глуп… имаш брз одговор… жими к… немам друга работа.

Јас шокирам, ни да трепнам ни да дишам. Нозете ми се споија со асвалтот и не мрдам. Размислувам… дете очигледно е од дисгункционално семејство едното од двете, па неговата реакција е нормалана.. ама си велам а школото, нели таму се учат работи… размислувам.. комплекс е… не мал е .. се чудам. Уште толку се чудам па сега за другото на негова возраст како размислува… велам до детето е… сепак до дома ќе да е.

Што ти дробат тоа си сиркаш

Оној сплет, она што те гради и те расте прво се стекнува дома, се гаи и се унапредува, дополнително се проширува во школо, за на крај во своето опкрушување почнуваш сам себе да се откриваш со другите и светот во и околу тебе. Заежвркната работа, се е поместено, вредноста има поинаква цена, доброто најчесто не се враќа или се враќа со лошо. Лошото со уште полошо се враќа, а човечноста и зрелоста се мери во картичките, убавината, облеката на тебе, бојата на кожата и што е најстрашно во силата која што ја поседуваат.

Надежта

На арно нека е , тониме како нација, децата ни растат со поместени вредности, почита и лојалноста се мисловни именки, доброто го забораваме, лошото три пати враќаме полошо. Дојдовме во време каде ефтиното, доброто и реалното е сомнително, а скапото, криминалното и дрскоста е профатливо и ценето.

Секој ден се повеќе и повеќе се разочарувам од луѓето. Остануваме сами ние малку “постарите” да живееме во “минатото”, да вреднуваме и да веруваме во почит, лојалност, разбирање, отвореност и во добтото.

Касно ли е.. не знам. Се тече се, сѐ менува, но лошиот збор се памти дури и повеќе од добриот.

Hramonga: Srgan Amet-baš Roma Press