Pali eratutno haberi savo resarga amenge ko inboh ko Roma Press avdive naoficijalno resaraja so kerlapes lafi bash o phanlo S.A savo tano ko ikheripe djeza(zatvor)ko Idrizovo,aso mardilo tar o trin sluzbenikoja thaj jek olendar naoficijalno vakerdo amenge so akharelape manus M.J.
Roma Press avdive kerga kontakti;
– Zatvor Idrizovo
– Uprava bash izvrsibe sankcie
– Ministeriumi bash i pravda thaj avera.
Drabaren teleder ani Makedonikani chib..
Како што беше најавено за денес, Рома Пресс преку свои извори започна да истражува и дознава повеке информации поврзано со случајот на претепаниот затвореник кој издржува затворска казна во Идризово.
Имено,неофицијално дознаваме дека претепаниот е С.А кој издржува затворска казна во затворот Идризово, а еден од трите затворски службеници кои ја пречекориле својата службена должност e лицето М.Ј.
Но,сепак овие податоци се уште остануваат како неофицијални до моментот кога ке ни го потврдат случајот од управата на затворот Идризово(Скопје) како и од Управата за извршување на санкции.
Рома Пресс на телефонски разговор со Директорот на Управата за извршуване на санкции г- дин Маријан Спасовски,побаравме појаснување за случајот и укажа,за овој случај сега дознавам преку вас,а воедно го користам овој телефонски разговор и најавувам дека веднаш на утрешниот ден ке побарам да се отвори истражна постапка за горенаведениот случај.
Спротивно, од кога ке ги имаме сите релевантни докази за случајот тогаш со законска постапка и увид на доказите ке го потврдиме случајот со наше произнесуване, битно е да се докаже дали во случајот имаше користене на прекумерна сила и злоупотреба на службена должност.
Секако,ако се укажат докази против службените лица дека ја пречекориле својата службена должност,тогаш за истите ке се отвори постапка и треба да бидат санкционирани според законот на РСМ. Благовремено ке бидете известени како медиум и целата јавност.
Инаку исто така на телефонски разговор го прашавме кога и дали имаат право затворските чувари да употребуваат прекумерна физичка сила Спасовски укажа,со исклучок само во случај на бегство или спротивставување на затворениците со службените лице.
Но,сепак и во тие моменти целата постапка треба да се води во умерена форма за употреба на физичката сила и тоа со исклучок ако за истата имаат нужна потреба.
Инаку неофицијално се уште кружаат информациите дека затвореникот С.А беше претепан без никакви причини,тие беа укажани како лични фрустрации на затворските службеници.
Рома Пресс стапи во контакт со Државниот Секретар од Министерство за Правда г-дин Мухамед Точи како и неговиот кабинетски Советник Шенај Османов, од таму не известија дека будно го следат случајот и вистината мора да биде обелодената.
Рома Пресс случајот ке го следи..
Hazri kerga:Roma Press