Ministeri Saban Saliu lelja than ano ministeriumengo khedipe ani Germanija

492

Ministeri Saban Saliu,avdive lelja than ano ministeriumengo khedipe bash Romani integracija 2024, organizirimo tari Germanijaki radji.
Sar so vakerga o Šaban Saliu bash o Roma Press, kerlapes lafi bash but valanutno khedipe thaj puterdo kergapes lafi bash sa o teme save astarela e Romen,sar prioritetno dokumenti astargepes sa e teme save si chivdi andi strategija e Romengiri.

Ko akava khedipe lele than pobuter ministerija taro Crna Gora, Albanija, Kosovo, Bosna thaj Hercegovina sar thaj i Srbija.
Saliu, ko peskoro lavleripe vakerga, bash o vazna elementija phanle e Strategijako sar thaj o valanipe olakere thavdipnasko pali nakhle panď berśa. Sar dokumenti tano valanutno te legarelpes ani sakoja them sebepeja so salde prekal direktna promene shaj anelapes polacho djivdipe e Romenge, vakerela bash o Roma Press o ministeri Saban Saliu.

Akava khedipe tano organizirimo tari Germanijaki radji,maskar o ministerija kerge lafi e pretstavnikoja tari evropaki konisija, komisija bash manusikane hakaja(pravo), ambasadorija thaj avera.
👇👇👇
Министерот Шабан Салиу, денес присусвуваше на Министерскиот состанок за Ромската интеграција 2024, организиран од германската влада.
Како што извести за Рома Пресс, Салиу како претставник и единствен Ром меѓу министрите, му беше дадена можност да ја презентира тековната состојба и напредокот во спроведувањето на Ромската стратегија.

Иако стратегијата е во примена веќе пет години, сепак постојат значајни предизвици кои треба да се надминат. Важно е да се нагласи дека кога се работи за Ромите, неопходно е да се работи и ,,со” Ромите, бидејќи тие најдобро знаат што им е потребно и како може да се подобри нивната состојба, укажа д-р Шабан Салиу за Рома Пресс.

Имено, во своето обраќање нагласи дека вклучувањето на Ромите во мејнстрим општествените процеси е многу важен и клучен момент. Само преку активно учество на Ромите, можеме да постигнеме вистинска интеграција и да создадеме услови за подобар живот. Овој позитивен пристап, кој беше прифатен на состанокот, треба да послужи како пример за останатите земји.

На овој настан беа поканети министрите од Србија, Томислав Живанов, Црна Гора, Фатмир Ѓека, Косово, Емилија Реџепи, како и претставниците од Босна и Херцеговина, Алабија Адиа Шакири. Секој од нив зборуваше за напредокот во рамките на Ромската стратегија, посочувајќи ги конкретните чекори кои се преземени на национално ниво за подобрување на положбата на Ромите. Темите кои доминираа на состанокот беа образованието, вработувањето, пристапот до здравствени услуги, решавањето на станбените проблеми и справувањето со антициганизмот.

Покрај министрите, со свое обракане говореа и претставниците од Комисијата за човекови права, кои ја истакнаа за важноста на заштитата на човековите права на ромската заедница. Оливер Вархеји од Европската комисија говореше за поддршката од страна на ЕУ за овие напори, додека амбасадорот на Полска, Павел Гроноњ, се осврна на напредокот во подобрувањето на правата на Ромите во Полска. Забележливо беше и присуството на Марта Гарсија Фидалго од Европската комисија за соседство и проширување, која исто така ја нагласи важноста на оваа иницијатива.

Модератор на настанот беше д-р Анна Лухман, која вешто го водеше состанокот и создаде плодна дискусија за најголемите предизвици и можности во спроведувањето на Познанската декларација. Целта на овој состанок беше да се направи преглед на досегашните резултати од декларацијата и да се утврдат следните чекори во критични области како што се образованието, домувањето, документацијата за лична идентификација, борбата против дискриминацијата и зголемувањето на вработеноста кај Ромите.

Hazri kerga: Nedmedin A.- Roma Press