Presidenti tar o Sobranie bichavga mesazo bash o Ramazan dji e dizutne..

835

O Presidenti tar o Khedipe(Sobranie)Talat Djaferi bicavga peseskiri bahtarin dji ko Roma Press, mangindor te bahtarel sa e dizutnenge Muslimanija o thavdiphe thaj o avgo dive tar o Ramazan.

Sajdime, ko moro anav thaj ko anav tar e bichaldengoro(pratenikoja) ki Khedipe(Sobranie)tar i Republika Utarali Makedonija, te bichalav jek bahtarin bash o baro islamsko chon Ramadan, odoleja so thavdela thaj e 30 divesengo ramazanesko posti.

Teleder drabaren o sahno lil bichaldo tar o Talat Djaferi ani makedonikani chib.
👇👇👇

Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед,
Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да упатам честитки по повод првиот ден на светиот месец Рамазан, со кој почнува и триесет дневниот рамазански пост.
По тој повод, упатувам желби до сите граѓани кои ќе бидат дел од тоа искушение за телото, умот и душата, да најдат во себе сила, верба, желба и мотив да го пребродат со леснотија физичкиот пост и менталното и душевно прочистување. Тоа ќе ни помогне на сите да се нурнеме длабоко во себе, да го најдеме најдоброто во нас и да го шириме и споделуваме со нашите блиски членови од семејството, со соседите, соработниците и со познати и непознати околу нас.

Живееме во тешко време на предизвици од сите видови како економски, енергетски, политички, безбедносен, здравствен, социјален, општествен и многу други.

Многумина околу нас се изгубија или го загубија патот што го следеа. Да бидеме нивното светло, нивниот зрак на надеж кој што ќе им го осветли патот за да не се чувствуваат осамени. Да бидеме солидарни, милостиви, полни разбирање и почит за немоќните и несреќните. Тоа ќе ни ги исполни душите со радост, домовите со убава и позитивна енергија, спокој и благосостојба а добрите мисли и дела нека бидат нашата водилка секој ден, не само за време на Рамазанскиот месец од кој се надевам дека ќе излеземе подобри луѓе за нас самите и за сите околу нас.

Почитувани верници, дозволете уште еднаш да Ви го честитам првиот ден на Рамазан, да ви посакам лесни и прифатени пости!