Presidenti Kedipnasko Đaferi lelja than ani Konferencija tar Balkaneske liderija baśh sansari(mir)..

569

Presidenti tar Khedipe(Sobranie) e Republika Utarale Makedonijako Talat Đaferikerga lafi ani Konferencija tar balkaneske liderija ani teme ,,Sansari, arakhipe ano ekonomikano buvlaripe tar Purabalo Balkani”.

O Presidenti Đaferi vakerga baś sa o resibe đji akana i them Makedonija do kerga ko arakhibe o sansari ani them thavdindo sa e krize đji akana save sas resarde,konfliktesko maribe ani Ukraina,duj berś đjenipee Makedonijako ko NATO thaj baś sa akala sebepija sigarutnne valani i evropa te putrel pere vudara baśh i Makedonija.
Teleder daja tumen olesko lav kheripe te drabaren ani Makedonikani ćhib.
👇👇👇

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери се обрати на Конференцијата на балканските лидери на тема „Мирот, безбедноста и економскиот развој во Западен Балкан“.

Чувствувам особено задоволство што денес се наоѓам повторно помеѓу вас, и што имам прилика во име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име да ги поздравам учесниците на Конференцијата на балканските лидери и Клубот на Подгорица, што овој пат се фокусира на тема „Мирот, безбедноста и економскиот развој во Западен Балкан“. Посветеноста и сериозноста со која пристапуваат на Западниот Балкан самите држави што се дел од овој регион говори јасно дека сме свесни за предизвиците со кои сме се соочиле и се соочуваме од ден на ден, и дека единствениот начин да се биде успешен во оваа битка, за опстанок и напредок на регионот е инклузивната регионална соработка со посветеност кон основните европски вредности на демократијата, владеењето на правото и фундаменталните права, меѓутоа и значењето што го има помирувањето за успешноста на овие процеси на трансформација на регионот.
Инклузивната регионална соработка е фундаментален фактор за нашите партнери и за нас како земји на нашиот пат кон членството во Европската унија и иднината на целиот регион е токму во неа.

Затоа, во оваа прилика, ќе го повторам апелот што го упатив пред неколку дена на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Европската унија во Брдо, Словенија дека е време визијата за иднината на Европа да се претвори во дела, процесот на проширување да добие на динамика а преговорите за членство да станат реалност. Проширувањето на европското семејство со земјите на Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот, демократијата, просперитетот, безбедноста и стабилноста, особено сега, во оваа ситуација на војна во Украина, што јасно потврдува колку брзо може да се промени мирот и стабилноста на регионот и да се зголемат безбедносните, економските, енергетските и други предизвици на континентот.

Собранието на Република Северна Македонија, на 3 март ја усвои Декларацијата со која најостро се осудува руската агресија врз Украина, како спротивна на меѓународното право и како земја целосно ја усогласивме нашата политика со позициите на надворешната и безбедносна политика на Европската унија во контекст на санкциите кон Русија.

Се разбира, поаѓајќи од фактот дека како земји сме позиционирани во турбулентен регион и сме биле сведоци на многу конфликти, длабоко сочувствуваме со граѓаните на Украина, изразуваме жалење за изгубените животи и апелираме за што побрзо изнаоѓање на дипломатско решение и прекин на воените дејствија а речникот на омраза да се замени со современ речник на цивилизиран дијалог.

Токму оваа конференција е доказ дека ние како регион, продолжуваме да градиме мостови на соработка и приближување меѓу нашите народи, нашите држави и целиот регион со Европската унија, затоа што на овој начин создаваме доволен простор за развој и унапредување на овој дел од континентот, координирајќи се за заеднички проекти започнати во рамките на Берлинскиот процес и политиките на Унијата, со специфичен фокус на Економскиот и инвестициски план, на Зелената агенда и Заедничкиот регионален пазар. Ова го дава потребниот поттик за градење на добри економии и за структурно менување на Западниот Балкан кон зелена трансформација и ќе не подготви за економска интеграција во Единствениот пазар, особено сега во овој пост Ковид-19 период.
Оваа заедничка соработка е доказ за сеопфатниот потенцијал и ќе ја забрза економската модернизација и со ова и ќе го олесни приближувањето на нашиот регион со начелата и социо-економските стандарди на Унијата.

Република Северна Македонија работеше и продолжува и понатака да работи во насока на постигнување на стратешките определби уште од осамостојувањето на земјата во 1991 година, односно полноправното членство во ЕУ и НАТО.

На 27 март одбележавме две години од нашето членство во НАТО и задоволството е разбирливо, нешто што не може да се каже за членството во Европската унија каде ситуацијата е поинаква од таа што сакаме и ова сериозно се одразува на довербата на граѓаните во европската иднина.
Всушност, довербата моментално е на најниското можно ниво, има разочараност и неверување дека овој процес ќе заврши некогаш успешно.

Меѓутоа, имајќи ги предвид актуелните настани, сметаме дека Европската унија треба итно да определи датум за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите,укажа пред присутните Џафери.

Roma Press- Press-Sobranie na RSM.