RRC, Sonce thaj o REF avdive ulavge arka ani sikhlovni BRH-Šuto Orizari dikhen Video..

917

Ano pervazija tar proekt,,Bajrovipe o lejbe than ani participacija e sikhlengo Roma đji ano kvalitetno ran čhavorikano buvlaripe thaj fundavno educiribe”, avdive ulavge  tabletoja panda 93 čhavorenge ani Fundavni sikhlovni Phrala Ramiz thaj Hamid.

Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денес се додели помош за 93 ученици Роми од второ и трето одделение кои се дел од програмата за туторска поддршка во рамкте на проектот во Шуто Оризари. Обезбедени се 93 таблети и интернет ваучери од 10 ГБ за 93 ученици кои не беа во можност да следат онлајн настава.

Покрај ова, исто така беа додеделни и 77 таблети со интерент ваучери и во општините Гостивар и Тетово за учениците Роми вклучени во прво, второ и трето одделение, а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот.
Со оваа акција се доделија вкупно 170 таблети со интернет ваучери.

Дополонително во рамките на проектот се подлеија вкупно 420 пакети со прехрамбени и хигиенски продукти на 210 деца кои се вклучени во предучилишно образование во Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.

Целата помош е поделена во координација и со поддршка од општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини.

Целта на оваа помош е да се помогне на децата и учениците Роми успешно да продолжат со образовниот процес како и да се намалат последиците врз нивното образование поради ситуацијата со COVID 19.

Со поддршка од проектот, учениците ќе продолжат со онлине настава и во текот на летниот распуст се со цел да им се помогне да ја надополнат пропуштената настава поради пандемијата со COVID 19, и да се подготват за новата учебна година.

Оваа помош е обезбедена со проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ кој е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. Проектот го имлементираат Ромски Ресурсен Центар од Скопје во партнерство со Сонце од Тетово, а е менаџиран од Ромскиот Едукативен Фонд.

Овој проект е дел од програмата „Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција (RARE) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.

Hazri kerga Neđmedin A. Dejan S.-Roma Press