Bash 20 bersengoro thaniribe e Komunalo Suto Orizari,e ternen trubuj te ovelen peseskoro sportikano than rekreiribnaske, rodena e terne aktivistija tar i Biradjakiri Organizacija Luludi.
B.O.Luludi bicavga havlaribe dji ko Roma Press, sikavindor piri reakcija ko anav e terne aktivistenge save rodena te putrelpes i sportikani hala ki Komuna Suto Orizari.
Erati anglal i sportikani hala ko Suto Orizari e terne bicavge mesazo dji ki Komuna Suto Orizari, ko than tar o cjika thaj gunoja, kamena putribe thaj funkcioniribe e halake savate shaj te keren sport thaj rekreacija, hramonelapes ko havlaribe bicaldo dji ko Roma Press.
Teleder daja tumen i bicaldo reakcija dji amende.
👇👇👇
По повеќе од 20 години постоење на општината, младите заслужуваат свој простор за спорт и рекреација.
Вчера (28.03.2023) пред неотворената спортска сала во општина Шуто Оризари, младите од општината испратија порака дека наместо отпадоци и кал, сакаат отворена и функционана спортска сала каде ќе може да се рекреираат и спортуваат.
Изградбата на Спортската сала во Шуто Оризари е завршена во 2019 година и оттогаш не е ставена во функција поради различни причини. Поради тоа, малдите апелираат да се се исполнат конечно сите предуслови за нејзино отварање, бидејќи објектот со неговото некористење ќе започне да се запуштува и уништува.
На собирот на млади пред салата, беа прочитани повеќе од 20-тина препораки за отворање и функционирање на спортската сала во општината Шуто Оризари.
Клучни препораки кои ги истакнаа се: реализирање во целост на договорот со град Скопје за партерно уредување на спортската сала во дадените рокови во договорот, завршување на процедура за официјално примопредавање на спортската сала од инвеститорот (Влада на РСМ) на сопственик/во владение ( на општина Шуто Оризари) и обезбедување пристап до спортската сала, односно поврзување со околните улици и можност за пристап со автомобил.