Политичкиот живот на Ромите од 1991 год. па се до денес…

4722
Севѓул Абдула

По распаѓањето на Југославија, Македонија по мирен и легитимен пат ја стекнува својата независност. Во тој период може да се констатира дека се појавува и плурализмот во нашата држава, а Ромите веке активно ја започнуваат својата политичка борба за учество на законодавниот дом. И така од 1991-ва па се до денес, може да заклучиме дека Ромите секогаш беа дел законодавната и од извршната власт.

Политичкиот ангажман на ромската заедница имаше развој со брза динамика, но не и брза динамика во унапредувањето на положбата на Ромите.

И така, периодот кога се појавува плурализмот, може да го карактеризираме како период на постоење на јака политичка сплотеност и идеја за преземање на значајни чекори за подигнување на квалитетот на живеење, и периодот  од поновата историја кој може да се карактеризира како период каде имаме отсуство на колективни ангажмани, недостаток на политичка волја и идеја, како и недостатог на координирана политика за да се излезе во пресрет на специфичните проблеми со кои се соочуваат Ромите.

Во Македонија, решавањето на секојдневните горчливи проблеми со кои се соочуваат Ромите, се прават напори да се решат преку двете јавни политики за Ромите, и тоа: Декадата за вклучување на Ромите и Стратегијата за Роми, кои за жал не го дадоа посакуваниот ефект за општествена и економска интеграција на Ромите во РМ.

Ромите со доза на надеж го дочекаа и охридскиот рамковен договор, кој според карактерот на неговата содржина предвидува значајни одредби за подобрување на малцинските групи и нивно рамноправно учество во нашето општество.

Но за жал овој, договор не ги исполни очекувањата за поголеми права и правична застапеност на помалите заедница, а особено на ромската заедница, што воедно беше и нотирано во забелешките на Европската Унија во извештајот за напредокот на Р.М.

Денеска, имаме примери каде Роми што се вработени преку СИОФА, а се суфицит, обично се распределуваат на ниски, незначајни и несоодветни работни места.

Според нашите анализи и согледување, маргинализацијата на Ромите е направена пред се поради статистичките податоци од пописот спроведен во 2002 година, каде согласно истиот попис направена е нереална бројка од 53.879 Роми, додека според нашата проценка не има од 100.000 до 150.00 илјади Роми.

Решението за да се поправи грешката од 2002 година, очекувавме да се корегира на неуспешниот попис организиран во 2011 година. Но поради сиромаштијата на Ромите, наместо таа бројка да се корегира, повторно имало обид, за злоупотреба и манипулации на нашата заедница, поткупувајки ги нашите Роми со пари, како би ги натерале  да се евидентираат како друг етникум.

Во насока да се надмине овој проблем, сметам дека во скоро време треба да се спроведе попис преку електронски модел, како би го елеминирале физчкото присуство на попишувачите, со цел од нивна страна да нема одредено влијание и притисок, освен во оние средини каде тоа е неопходно.

Автор: Севѓул АбдулаДипломиран Детектив