Ko Baku o Čelzi ikherela o than thar Liga Evropaki

918

Во островското финале, прво од двете во елитниот европски фудбал оваа сезона, лондонскиот премиерлигаш Челзи, вечерва, го совлада градскиот ривал Арсенал со убедливи 4:1 и ја освои Лига Европа, втор пат по 2013 година. Во првото полувреме во Баку, Азербејџан, каде се играше финалето, мрежите мируваа.

Во вториот дел Челзи експлодираше и за само 15 минути три пати ја тресеше мрежата на некогашниот свој голман, а сега чувар на голот на Арсенал, Петар Чех. Серијата ја отвори Жиру, екс играчот на Арсенал, Педро зголеми на 2:0, а Азар од пенал погоди за убедливо водство од 3:0. Малку надеж кај Арсенал внесе прекрасниот гол на Ивоби во 69 минута, но само три минути подоцна Азар ги постави конечните 4:1. До крајот „топчиите“ промашија неколку изгледни прилики за гол, а резултатот остана непроменет.Вечерашниот меч веројатно беше последен за Азар во дресот на Челзи.

Извонредниот Белгиец ова лето, според најавите, ќе се пресели во Реал Мадрид за сума од 115 милиони фунти. Овој меч воедно беше последен во богатата кариера на извонредниот чешки голман Чех, кој заврши со професионалниот фудбал.Натпреварот го одбележаа и бројните празни места на стадионот во Баку, недостојно за едно финале. Многу навивачи на двата тима не отпатуваа за Азербејџан незадоволни од малиот број влезници што УЕФА ги обезбеди за клубовите, како и цената на истите.

-Roma Press-