Надежта последна умира

10342
Севгул Абдула

Повторно нацијата после толку поминати судбински избори и сега е соочена со уште еден судбински избор.

Едните се радуваат другите критикуваат во врска со поканата на НАТО како и нареченото започнување преговори со ЕУ, вистински или не, народот заслужува барем да се надева не џабе се рекло ,, надежта последна умира’’ Од другата страна повеќе од јасно е, се говори за затвори за криминалци, договарања и преговарања, амнестии, обвинети, осомничени итн.

Тогаш сосема е разбирлио зошто државата одела во ќорсокак, затворот вистински е ќорсокак и тоа каков, влез има – ама за излез богами тешко е.. Додека големите заедници во Република Македонија се вклучени во сите процеси на големите политички случувања и тогаш се поставува прашањето Ромите се во Македонија или ….. ? Да имаат политички претставници и тоа не барем малку 8 политички партии, невладини организации, мрежи на нво па дури и интелектуални така наречени советодавни претставници ама, се поставува прашањето дали некогаш биле вклучени или запрашани за големите политички или други случувања во државата ? Европа мижи, но исто така мижат и Ромите, ја следат состојбата од страна ја анализираат целовкупната состојба не по своја вина, туку вината на другите затоа што никогаш не биле запрашани, а во најмала рака па и да бидат вклучени.

Познато е дека Ромската заедница во Македонија е мирна етничка заедница која само по себе се крунисува со терминот ,,ЛОЈАЛНИ’’ и ако како резултатот кон нив, и во нивна сметка се случуваат големи размери на дискриминација по секаков вид, најобесправени, маргинализирани, кршење на општи човекови права и др.

Ромите поради историските факти никогаш не се бунтувале и не посегнале по оружени дејствија, па дури и не се познати по некои големи протести, не само за одредени политички случувања од секојдневието туку за општата обесправена, како и социоекономска состојба на Ромите. Да се навратиме на нашата тема, сепак Ромската заедница е тука, и таа секако ќе чека некоја нова ера, и можеби тогаш ке се будат од големиот сон – или ке чекаат на некој Ром, како Нелсон Мандела, Мартин Лутер Кинг да ги изнесат на улица . И додека едните се радуваат, другите критикуваат, а за третите тие што мижат не им било јасно околу ЕУ.

Тука нема не јасно тие поставија три работи, Сакате во НАТО, или не? Ако сакате во НАТО ке влезете како Северна Македонија? И ако не сакате со Северна Македонија нема да влезете во НАТО, ваше е дали ке си ја искористите историската шанса, и тука што не е јасно НИШТО.

Па зарем не се преговарало 25 години и ? Сосема на крај се поставува прашањето, после толку години преговарања, договарања, нема ЕУ и НАТО со вето од грчка страна како единствена причини, и сега кога се изнаоѓа решение со Грција, самите ние сега си поставуваме пречки- бре луѓе во оваа цела каша попара или се кува нешто зад затворените завеси? Или ќе да е ние, самите не знаеме што сакаме и посакуваме?

 

Автор – Севгул Абдула –Дипломиран Детектив