Елма Д. Колумна-Ни ѓубрето во дворот, ни лидерската позиција, ни бојата на кожата, ни финансискиот статус, ниту лутината која ќе помине… ништо не е важно за тогаш кога ќе ми требаш и ќе ти требам како битие..

268

Што е побезбедно, да поминеш од каде минуваат сите или истресираш свој пат до “дома” во услови на криза?
Во природата на човекот е да ја следи толпата, да оди таму каде е групата и се да биде полесно. Во природата на човекот е да ја постигне целта, не е важно каква…за некој примарна врзана за живот за некој лична сатисфакција. Човекот по природа е социјално и општествено битие.

Стоиш на редот за сендвичи таму каде рецата е поголема, одиш да купиш леб во фурната каде игла неможеш да фрлиш од гужва. И прв пат да ти е, одиш кај толпата, не сакаш ни да провериш каква е плескавицата таму каде стојат само пет души. Гладта колку и да те победува, ти чекаш кај толпата зошто и веруваш, зошто се потпираш зошто си “посилен”.
Бегаш од било која природна или вештачка катастрофа во групата за да делуваш, за да бидеш спасен.

Осаменоста го празни присуството на твојот идентитет. Природно е да си дел од социјалниот контекст каде сите нешто споделуваат, природно е да споделиш среќа, да споделиш тага….. да дојдеш да целта со помош на околината, со сечија помош.

Колку треба да сум самореализирана за да сватам дека не смеам да ти наштетам ниту да ми наштитиш бидејќи утре може да си дел од толпата да стигнам “дома”? А “дома” тоа е најзаедничката вредност помеѓу најразличните,……… емоцијата ( среќата, тагата, страв,), потребата од спас и заштита, борбата за живот, борбата за било каква аспирација, било која животна компетеција која е еднаква на “ДОМА”, на комфорот од кој е многу тешко да излеземе.
Колку треба да си подготвен да целиш сам, тврдоглаво и да не мислиш на последици особено во услови на криза. Гинеш, по правилата на природните закони, бидејќи во очите на сите други ти си надвор од толпата и нема проценка на можностите едноставно губиш, пак ќе напоменам….. во услови на криза во било која смисла на зборот.

Колку е непроценливо вредно да не газиш некој кој ВО ТВОИТЕ ОЧИ е помалку важен. Кои се стандардите и параметрите според кои се мерат ЛУЃЕТО? При тоа регулативите на интеркултурализмот велат секоја личност без разлика на било која социјална опшествена стаусна разлика еднакво ужива права и заслужува положба во толпата со која ќе стигнеме “дома”.
Параметрите се користат само за лидерски и хиерарски улоги во сценариото “живот”.
Се реализираат законски регулативи и прописи само таму каде се е надвор од домашниот двор, но не и тој што трасира сам пат до дома зошто некогаш може да се издвои како лидер. Неговата самореализација е доволно изградена за сите да препознаат дека ќе собере толпа со која ќе патуваме дома.

Отворете ги рацете широко за сите оние кој сакаат заедно да патуваме, замижете на личните идеали, аспирации да газите преку се и сите за да стигнете таму каде сте зацртале, замижете за момент и надградете ги вашите убедувања за тоа колку секое битие на оваа планета има вредност која може да помогне да стигнеме дома. Трасирајте па за доверба на подалечни дистанции со оние кои ве опкружуваат.

Сакав да кажам, ни ѓубрето во дворот, ни лидерската позиција, ни бојата на кожата, ни финансискиот статус, ниту лутината која ќе помине… ништо не е важно за тогаш кога ќе ми требаш и ќе ти требам како битие, како сила, како подршка за заедно да истрасираме пат да стигнеме ДОМА.
Силата е во зедничката мисла, силата е во заедничкате емоција која никогаш не е различна ни од мене ни од тебе кога боли за исти вредности…. за исти цели, за борба за живот. Во различноста е суштината, во спојот на чудните поинакви идеи, а магијата е во еднкавата болка и среќа за која нема стандарди параметри.

Автор:м-р.Елма Демировска

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)