Почитувани граѓани на Општина Шуто Оризари,НАТО или Северноатлантската алијанса е меѓународнa безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на Североатланскиот договор на 4ти април 1949 година. НАТО е организацијата која претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица.
Денеска Македонија доби потпис од амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса на Протоколот за членството на Македонија во НАТО.
Би се надоврзал на денешната изјава на Министерот за надворешни работи на Р.М. г-дин Никола Димитров, дека членството во НАТО е сигурност, стабилност на Република Македонија, за нас како граѓани и за мојата заедница во нашата земја.
Ромите, како дел од етничкиот плурализам во општеството, ги очекува: пораст на економијата и намалување на невработеноста, владеење на правото, еднакво и слободно општество, пристапни, функционални и капацитетни институции кои достоинствено ќе одговорат на потребите на граѓаните!
Чекориме напред, од денес максимата: „Сите за еден“ е полно важна и за Македонија. Граѓаните од општина Шуто Оризари, како и сите други веќе имаат обезбедена сигурна иднина.
Со почит,
Курто Дудуш
Градоначалник
Општина Шуто Оризари