Avdive niśankerelapes 80 bersa taro Romano uśtipe mujal o koncetraciono logoro ko Auśvic- Birkenau.
Ko 16 maj 1944 bersa taro 6000 milja phanarde Roma, arakhlepes ko samudaripe taro romano logori ko Auśvic,nange vastencar, kastencar thaj barenca nakhle te na kerelpes upral olende zor taro fasistija. Sar śhajin tari olengori vazdimi zor ano adava dive na mudargapes ni jek Rom ko gasna komorija.
👇👇👇
Денес се одбележува 80 години од Ромското востание во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. На 16 мај 1944 година 6000 затвореници Роми, соочени со истребување во „Циганскиот камп“ во Аушвиц, со голи раце, стапови и камења се побуниле против тешко вооружените чувари на СС во Аушвиц и успеале да го одбијат првиот налет на фашистите. Како резултат на нивниот храбар револт тој ден ниту еден Ром не загинал во гасните комори.
На Денот на ромскиот отпор се сеќаваме на нивната извонредна храброст да се спротивстават на нивните агресори и да се борат за живот, слобода и хуманост.
Нивниот отпор против деструктивната сила служи како инспирација и мотивација за нашата посветеност да се бориме против антициганизмот и да го искорениме расизмот и дискриминацијата врз Ромите, велат од Европската комисија