Dendo o sostav bash nevi Radji tar mandatori Kovacevski..

608

O Mandatori Dimitar Kovacevski avdive denga o saikeripe djenipasko tar aktuelno radji Makedonijaki dji ko presidenti parlamentaresko Talat Daferi, kaske kamlapes dji ko agor e kurkeste te ovel dendo ano dejbe hangoipe thaj lacharipe i nevu radji Makedonijaki.
Sar so shaj sine te dika telal o vakeripe save anava rotirinena ani nevi radja isi nekobor ministerija save sine dji akanutnme tar aktuelno radji, numa fuhalibnaske hem ko nevo sostav radjake nane than bash Romane politikako pretstavniko.

Мандатарот Димитар Ковачевски денеска го достави составот на новата влада до претседателот на Собранието Талат Џафери. Сега спикерот Џафери треба да закаже седница за гласење на новиот премиер и министри, која најверојатно ќе се одржи викендов.
Во новиот владин состав министерските места ги задржуваат Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи, Благој Бочварски во Министерството за траснпорт и врски, како и Фатмир Битиќи кој останува вицепремиер за економски прашања. Досегашниот вицепремиер за борба против корупцијата Љупчо Николовски останува во Владата како министер за земјоделие, а Бојан Маричиќ станува вицепремиер за евроинтегреции. Нов министер за правда ќе биде професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Никола Тупанчевски, а за одбрана Славјанка Петровска.

Поранешната пратеничка од СДСМ Славица Грковска доаѓа на вицепремиерското место за борба против корупција, а актуелната пратеничка Бисера Костадиновска-Стојчевска од Битола е предложена за нова министерка за култура. Нов министер за образование ќе биде Јетон Шаќири, досегашниот министер за информатичко општество и администрација.

Уште три нови имиња влегуваат во Владата, а тоа се на местата на Алтернатива. За здравство ќе биде Беким Сали, за информатичко општество Адмирин Алити и Џемаил Чупи без ресор, за дијаспората.

Roam Press-sdk.mk