Avdive tano posebnikano dive e dizutnenge tar Utarali Makedonija, kana ani svečeno bešin ano Khedipe e Makedonijaka kerlapes ratifikacija e protokoleske kuvibaske sar đjeni i them Makedonija ano NATO.
But misafirija avdive ani Makedonija thaj ulavdo dikhipe avdive uče pretstavnkonensar tar Evropaki Unija thaj đene kotar o NATO sinele dikhipe e Presidente tar Khedipe Đaferi. Havlaribe thaj foto mesazoja tar dikhipe sas bičalde đi ki redakcija kotar o Roma Press.
Во светло на одржувањето на свечената седница на Собранието на Република Северна Македонија по повод донесувањето на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари одделни средби со официјалните гости од земјите членки на НАТО, блиски соседи на Република Северна Македонија: г-ѓа Цвета Карајанчева, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија; г-ѓа Василика Хиси, потпретседателка на Парламентот на Република Албанија; г. Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора и г. Мирослав Туѓман, специјален претставник на претседателот на Хрватскиот сабор и шеф на Делегацијата на Саборот во ПС на НАТО.
На средбите, претседателот Џафери го подвлече историскиот момент кој денес заеднички го споделува и со претседателите и претставници на парламентите на земјите членки на НАТО кои се блиски соседи на Република Северна Македонија, со претседателот на ПС на НАТО, како и со амбасадорите на сите земји членки на НАТО.
Потпретседателот Ниманбегу, исто така, го означи денот како историски за земјата и изрази искрено задоволство што има можност да присуствува на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија. Според него, сите земји од Западниот Балкан, доколку реално се определат, треба да станат земји членки на Алијансата, бидејќи тоа е придобивка за целиот регион. Заклучувајќи дека недобивањето датум за преговори предизвика политички процеси во Република Северна Македонија, тој изрази надеж дека актуелниот евроатлански курс на земјата ќе продолжи во истата насока и по парламентарните избори во април оваа година.
Потпретседателката Хиси и г. Туѓман, изразувајќи ја поддршката за членство во НАТО и во ЕУ, истовремено ги споделија и своите видувања за идните придобивки од зачленувањето на Република Северна Македонија во Северноатлантската алијанса, темелните вредности и принципи кои секоја земја членка истовремено ги почитува, промовира и надградува, како и улогата на сите заедно во чувањето на светскиот мир, глобалната безбедност и сигурност. Беше истакната и потребата од понатамошна проактивна добрососедска политика, градење стабилни политички и економски односи меѓу државите од регионот и јакнење на парламентарната дипломатија.
Roma Pres- Khedipe tar Utarali Republika Makedonija