Presidenti tar Parlamenti Talat Đaferi bahtarga o 8- to April..

865

O Presidenti tar Makedonijako Parlamenti Talat Đaferi anglal interparlamentareski grupa sikavga piro sajdipe prekal o tajsuno dive 8- to April Internacionalno dive e Romengoro.

Teleder daja timen śajipe olesko lavkeripe te drabarenle ani Makedonikani čhib.
👇👇👇
Дозволете во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име да упатам честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите и по тој повод, да ја искористам приликата и да го повторам тоа што го кажав и при основањето на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, дека „сите имаме јасна претстава за тоа која е нашата улога, колкава е законодавната моќ и како таа влијае врз овозможувањето на еднакви услови за живот за секој поединец“, при што секако и за Ромите кои се рамноправни и еднакви чинители на нашето мултикултурно општество и држава, Република Северна Македонија која со Устав е конституирана како суверена, самостојна, граѓанска и демократска држава која обезбедува социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот за секој свој граѓанин. И, на хартија ова секако изгледа и звучи навистина привлечно и охрабрувачки, меѓутоа, како е и дали е и на терен, во реалниот живот така? Не сум целосно убеден. Со сета почит кон несебичниот ангажман на почитуваната претседателка Шиковска, сепак, ова е долготраен процес кој што се чини трае засекогаш, и никако да се постигне знак на еднаквост помеѓу предвиденото и оствареното. Во ред, има и по некоја мала победа во облик на изгласаниот Закон за неевидентирани лица во матичната книга на родени, кој што беше инициран за решавање на нотираниот проблем кој што се игнорираше со години наназад а се однесуваше на лицата што не беа евидентирани во матичната книга на родени, немаа лични документи и беа најчесто од најранливите општествени слоеви.

Дали и во која мера се спроведува тоа законско решение, кои се конкретните резултати? Затоа и велам, премногу трае целиот тој процес на инклузија и остварување на правата и обврските гарантирани со Устав и со институционалната рамка што ја обезбедува Законот а немаме видно поместување ниту во насока на образованието, ниту во здравствената и социјалната заштита, ниту пак во делот на вработувањето со задолжително социјално осигурување.
На раскрсниците, на нашите улици, и понатака ја гледаме тажната глетка на мали и возрасни припадници на ромската заедница чие што секојдневие, чиј што живот и борба за егзистенција се одвива како на филмска трака којa постојано го врти истиот филм, само што се менуваат протагонистите кои ги има во сите возрасни групи. За мене, тоа е јасен показател дека се уште не сме таму каде што би требало да биде земја полноправна членка на НАТО Сојузот и земја која е речиси на прагот на започнување на преговорите за членство со Европската унија, нешто кое што досега не започнало само поради општопознатите причини за сите вас и за широката јавност се разбира.
Како што е исто така познато дека сиве овие години правевме реформи за трансформација на нашето општество во еднакво, со почитување на правата и обврските на секој поединец, похумано, со еднаков третман на сите граѓани, без оглед на етничката, верската, политичката, социјалната припадност, без оглед на пол и посебните здравствени состојби и попречености, општество кое ќе понуди целосна заштита и одбрана на човековите права кои треба да се потполно во линија со Европските и меѓународните стандарди и за правата на маргинализираните групи.

Сепак, реалноста е кристално јасна и во исто време сурова. Во единствената општина со доминантен број граѓани од ромската заедница, се уште нема матичен лекар гинеколог, иако опремата е таму, што е потврда дека се прават напори. Во образовниот процес, иако е задолжителен и секое непостапување е казниво со закон, вклучувањето на ромските деца е екстремно ниско, што не може да се каже за нивното вклучување во обезбедувањето средства за семејните животни трошоци со незаконско учество во малолетнички труд. Очигледно, сите ние што сме дел од системот, некаде затајуваме, некаде нешто не правиме како што треба и тоа ни се враќа како бумеранг и никако да постигнеме траен развој во социјалната и економската сфера. Секако, ситуацијата со КОВИД 19, колку и да беше тешка за светските и домашната економија, десет пати потешко се одрази на социјално ранливите групи.
Почитувани колеги,
Спроведувањето на законите, прописите, принципите на еднаквост, на недискриминација, инклузивност и достапност зависат од човечкиот фактор, од изградената свест и чувство на одговорност и во тој сооднос меѓу вршителите и страните врз кои се применуваат, исклучително е важно да се изгради сооднос на искрена доверба за потоа да има и конкретни резултати од јасно изразената волја. Време е да се изгради таа доверба таму каде што не постои, а да се зацврсти таму каде што некоја основа веќе постои. Кога ромската заедница ќе биде вклучена и интегрирана во општествените текови, таа сама ќе си го отвора патот кон подобрување на квалитетот на живот за себе. Наша обврска е да бидеме до нив во секој чекор.

Roma Press- Sobranie na RSM.