REDI- Implementirinela polokho proces baś khedipe tar otpad..

1362

Erati o Redi oficijalno thavdinga pere kampanjaja tar implementacija tar aktivitetija save lingarena lokhipa tar naformalnikane khedimale tar otpad save si ano baro numero tar Roma.

Redi Recyling sar socijalnikano pretprijatie isi olen celjo e asavke aktivitetencar te formaliziribel e individualnikane manušen save khedena otpad thaj olenge te kerelpes sistemo baś primarno selekcija e khedimalendar ano stanbenikane objektoja thaj kompanije.

Вчера REDI Recycling официјално започнува со имплементација на активностите кои носат низа олеснувања на неформалните собирачи на отпад кои што во најголем број се Роми.

REDI Recycling како социјално претпријатие има цел да ги организира и формализира индивидуалните собирачи на отпад преку воспоставување на систем за примарна селекција на отпад во станбени објекти и компании.

Визијата на РЕДИ е креирање на социјално претпријатие раководено од Роми, собирачи на секундарни суровини и користење на циркуларната економија за рециклирање на секундарни суровини.

Мапирањето на згради се одвива преку јавниот повик на следниот линк: https://forms.gle/nckc7QCmocassVrA9

Пријавените згради ќе добиваат канти за селектирање на отпад (пластика и хартија), а REDI Recycling ќе врши навремено сервисирање, испразнување на кантите со помош на електрични трицикли и организирани, формализирани Роми собирачи кои што ќе бидат вработени во социјалното претпријатие на РЕДИ.

Преку оваа иницијатива, REDI Recycling, ни дава јасна слика за значењето на Ромите во зелената економија, можноста за фер транзиција од сива во зелена економија и важноста за зачувување на нашата животна средина притоа користејќи ги секундарните суровини како ресурси.

Roma Press- Redi