Komuna Šuto Orizari lele than khi Regionalnikani Konferencija ko Belgrad-Dekada e Romenge

1140

Општина Шуто Оризари зема активно учество на регионалната конференција : Декада на ромска инклузија која се одржува во период од 20.06.-21.06.2019 во Белград, Србија. Конференција ја отвори Градоначалникот на Белград г-ин Зоран Радојич, заменик премиерот на Србија и останати високи функционери по што следеше богата културно- уметничка програма. На конференцијата се одржаа клучни панел дискусии поврзани со ромското прашање. Првата панел дискусија се однесуваше на дискриминација, правна помош и социјална инклузија.
Исто така се разговараше за образование, вработување , превентивни алатки за избегнување на маргинализацијата на ромите, статусот на жената ромка во заедницата и општеството. Срџан Амет, кој има досегашно 20 годишно искуство од граѓанскиот сектор во Македонија и регионот, но и како Раководител на локалниот економски развој во Општина Шуто Оризари говореше за можностите и мерките за вработување, образованието и капацитетите на младите роми. Тој во своето излагање ја претстави Општината и политиките на национално ниво кои се однесуваат на ромите, и сподели заклучоци во доменот на пополнување на јазот помеѓу понудата (од ромската заедница) и побарувачката на пазарот на трудот во Македонија.

Komuna Šuto Orizari lela  aktivno than khi regionalnikani konferencija, Dekada e Romane inkluzija savo ikergovela ko vakti thar 20.06. 2019 ko Belgrad –Srbija.

Konferencija putergala  o Šerutno thar Belgrad raj Zoran Radojič, telal premieri thar Srbija thaj  učhe funkcionerija savaja  resargapes ko kulturaki –umetnikani programa.

Khi konferencija  ikergepes  but valanutne panel diskusie phanle e Romane pučibnaske.

Jekto  panel diskusija legargapes majbut thaj  thar diskriminacija,  hakajipaski arka thaj socijlanikani inkluzija.

Srđan Amet, đji akana isiole  20 beršengoro  buthi kheripe ko NVO sektori khi Makedonija thaj ko regioni, numa thaj Vastaluno ko loklanikano ekonomijako buvlaripe khi Komuna Šuto Orizari kerga lafi  bašh šajipa thaj dajatve  ko bukarnipe, edukacija thaj kapaciteti  ko terne Roma.

Ko piro lavkeribe o Srđan Ameti sikavga e Komuna ko politikano thaj  nacionalnikano nivelo savo legarelapes  upral e Roma, thaj ulavga phanle  lafija  thar  o domeni maškar  i Romani khedin  ko kinobikinipa ko trudo e Makedonijake.

Hazri kerga: Neđmedin A-Roma Press