Анкета на ИПИС презентирана во емисијата објектив на МРТВ обработена втората и шестата изборна единица..

994

Последната анкета на ИПИС презентирана во емисијата Објектив на МРТ ги обработуваше втората и шестата изборна единица.

Во втората изборна единица се стабилизира двојната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.
Според анкетата спроведена во февруари, 19,5% од граѓаните би ја дале поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а 10,5% за СДСМ, потоа следат ДУИ со 6,9%, Европскиот сојуз за промени со 4,8%, движењето ЗНАМ 5%, Левица 4%, Алијансата за Албанците 2%, ниту една 13,9%, не сака да каже 21%, а 12 % од испитаниците изјавиле дека не знаат или немаат одговор.
Во шестата изборна единица во февруари најголема доверба од испитаниците има ДУИ со 17,5%, зад нив следи Европскиот сојуз за промени со 15,4%, ВМРО-ДПМНЕ има 8,5% доверба, Алијансата за Албанците 7,2%, СДСМ има 4% рејтинг, па следат Левица и ЗНАМ со по 1%, ниедна 16,6%, не сака да каже 22,9% и 5,4 од граѓаните анкетирани во февруари рекле дека не знаат или немаат одговор.

Khere